Македонија
Хепенинг по повод Денот на Европа
По повод Денот на Европа кој во светот се одбележува на 9 мај, денеска во градскиот парк во Скопје ќе се одржи хепенинг со програма која ќе трае повеќе од 12 часа.
По повод Денот на Европа кој во светот се одбележува на 9 мај, денеска во градскиот парк во Скопје ќе се одржи хепенинг со програма која ќе трае повеќе од 12 часа.Организаторите на настанот од ЕУ инфо центар најавуваат богата програма што ќе се случува на неколку локации во овој дел од градот и ќе започне во десет часот и ќе трае се’ до 24 часот, со учество на стотици ученици и голем број музичари и уметници. Свој настап ќе имаат Влатко Стефановски Трио, Адријан Гаџа, групата Суперхикс, Тони Китановски учениците од музичкото училиште „Илија Николовски Луј“, како и голем број ученици од основните училишта од повеќе скопски општини кои ќе ги претстават културите на земјите членки на ЕУ.Главните настани почнуваат во 12 часот во стариот дел од Градскиот парк на главната сцена зад споменикот на Гоце Делчев, каде свое обраќање ќе имаат амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Петер Соренсон, вицепремиерот Васко Наумовски и градоначалникот Коце Трајановски.Овде следува музичка програма со концерт на учениците од музичкото училиште „Илија Николовски Луј “, потоа ќе настапат Влатко Стефановски Трио, Адријан Гаџа и Суперхикс.Втората локација е подиумот на „Школка“ во 19 часот, каде ќе се одржат приредба на француската градинка од Скопје, перформанс на современи танци, „Танц со 27 знамиња“, во соработка со НВО Локомотива, настап на Тони Китановски. Настаните во овој дел завршуваат со филмска проекција „Визии за Европа“. Третата локација е скејт паркот на кејот на Вардар каде од 14 до 15 часот и 30 минути ќе се одржи Урбан фестивал во натпревари во скејтборд, ролери и велосипеди.Хепенингот по повод Денот на Европа традиционално се организира од страна на Делегацијата на ЕУ во соработка со Секретаријатот за европски прашања, локалните власти, амбасадите на земјите членки на ЕУ.Денот на Европа се слави како роденден на ЕУ уште од 1985 година кога лидерите на ЕУ за време на самитот во Милано одлучија да го слават 9 мај како Денот на Европа./крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

