Македонија
Привремен сообраќаен режим на Бит пазар

Дел од булеварот Крсте Мисирков во сабота ќе биде затворен за сообраќај од 6 до 20 часот поради изведување градежни работи.
Дел од булеварот „Крсте Мисирков“ во сабота ќе биде затворен за сообраќај од 6 до 20 часот поради изведување градежни работи.Поради затворање на делницата, возилата што доаѓаат од Чаир кон центарот се насочуваат од клучката да се вклучат на булеварот Александар Македонски и десно кај хотелот „Континентал“, преку улицата Беласица да се поврзат на булеварот Гоце Делчев и да се движат до централното градско подрачје.Возилата од правец на булеварот „Никола Карев“ кон центарот исто така треба да се придржуваат на поставената сообраќајна сигнализација и кон центарот на градот да се движат по булеварот „Александар Македонски“ и десно кај хотелот „Континентал“ преку улицата „Беласица“ да се поврзат на булеварот „Гоце Делчев“ и од таму кон централното градско подрачје. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во фокусот на средбата на МЕП Муртезани со турските експерти

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на дипломатска делегација на Турција во рамките на состанокот за споделување искуства во процесот на европската интеграција. Во својот поздравен говор, министерот Муртезани нагласи дека продлабочената соработка со Турција е од големо значење за Северна Македонија, особено во поглед на институционалното зајакнување, усогласувањето со европските стандарди и подобрувањето на капацитетите за управување со европските фондови.
„ Оваа средба е доказ за силната и трајна врска помеѓу Турција и Северна Македонија. Како што веќе нагласив за време на мојата неодамнешна посета на Анкара, нашето партнерство е длабоко вкоренето во историјата, но истовремено е и насочено кон иднината, изградено врз заеднички аспирации и заеднички цели. Денешните дискусии претставуваат уште еден чекор кон учење од меѓусебните искуства.“ – истакна МЕП Муртезани.
Состанокот беше фокусиран на неколку клучни теми и панели, на кои претставници од двете делегации споделија свои согледувања и експертиза. На првиот панел, турската страна ги претстави своите искуства од пристапниот процес, со посебен фокус на институционалната структура, механизмите за преговарање и главните предизвици што ги надминале низ годините. Експертите од Министерството за европски прашања на Северна Македонија пак, говореа за тековниот статус на евроинтеграциите на земјата и приоритетите кои што претстојат во наредниот период.
Во рамките на вториот панел се дискутираше за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, при што експерти од двете страни ги претставија своите организациски структури, процедурите за превод и координација, правната и стручната ревизија на преведените акти и создавањето терминолошки бази, што се клучни за прецизно и доследно пренесување на правото на Европската Унија во националниот правен систем.
Третиот панел беше посветен на финансиската соработка со ЕУ и користењето на ИПА фондовите. Македонската и турската страна ги презентираа своите искуства во програмирањето, спроведувањето и следењето на европските фондови, со посебен акцент на механизмите за ефикасно управување со средствата и осигурување на нивната максимална искористеност.
Последниот панел се фокусираше на прекуграничната и регионалната соработка, при што беа разгледани можностите за заеднички проекти во рамките на европските програми. Двете страни ја истакнаа важноста на ваквите иницијативи за поттикнување на економскиот развој, инфраструктурната поврзаност и градењето на посилни односи меѓу институциите.
Македонија
Еден осомничен за предизвикување опасност со пожар кај Катланово, штетата е проценета на околу 196.000 денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека постои реален ризик да се предизвика опасност, запалил оган кој се проширил од ветрот што довело до опожарување на површина од 4,7 хектари од кои еден дел била дабова шума и ниска вегетација. Со пожарот била причинета штета проценета на околу 196.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побара да бидат определени мерки на претпазливост – обврска осомничениот повремено да се јавува во Судот и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Скопје
Ѓорѓиевски: Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ, како и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува со обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината.
Како што нагласи, ова особено важи за оние кои паркинзите ги узурпираат и користат за препродавање на автомобили.
– Започнуваме со акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички! Во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината.
Ова особено важи за оние во Расадник кои паркинзите ги користат за препродавање на возила, како авто плацеви. Инспекциските служби на општината во текот на следните неколку дена ќе започнат активност за мапирање на отпадните возила и ќе започнат постапка со која ќе се утврдува сопственоста, како и тоа дали истите се регистирани и имаат платено обврски кон државата.
Согласно Законот за управување со дополнителните текови на отпад и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот, возилата кои ќе бидат евидентирани како отпадни и без регистарски таблички ќе бидат отстранети, доколку тоа не го стори сопственикот согласно дадениот рок од неколку денови.
По завршувањето на постапката возилата ќе бидат отстранети и однесени во отпадно депо, каде што граѓаните ќе имаат право да го повратат. Во спротивно, ќе бидат третирани како отпаден метал.
Апелираме до жителите сами да си ги отстранат возилата согласно дадените рокови за да не подлежат на трошоци, затоа што наша цел не е казнување туку воведување ред во оваа сфера. Крајно време е да ги ослободиме паркинзите во Кисела Вода! – изјави Ѓорѓиевски.