Македонија
КСС: Загинувањето на работниците да не се злоупотребува за политички цели
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ги осудува сите обиди на злоупотреба за партиски и политички цели на двата трагични настани кои се случија при изградбата на објектите од проектот Скопје 2014
Она што најмалку е потребно е присуство на политика кога станува збор за лични трагедии на две семејства, сметаат од КСС. „Работата на политичките партии не е тие да излегуваат со квалификации за утврдување на причините за несреќата, тоа се очекува и тоа треба да го направат надлежните институции“, стои во соопштението на КСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии
„Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители во вооружениот конфликт во 2001 година. Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии“, велат од Демократскиот сојуз.
Од ДС истакнуваат дека е неприфатливо истиот да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ.
„Инаку, Македонија за водството и припадниците на паравоената формација ОНА (УЧК),направи голем број на отстапки, меѓу кои нивна амнестија преку донесување на закон и вработување на голем дел од припадниците на ОНА, амнестија за водството на ОНА преку автентично толкување на Законот за амнестија од страна на Собранието на Македонија, трансформација на ОНА во политичка партија, а водачите на ОНА станаа лидери на новата партија ДУИ која 20 години беше на власт итн“, соопшти ДС.
Партијата најостро ги осудува најавите на ДУИ, „дека ако се усвои законот за обесштетување на тие што го бранеле суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, ќе се дестабилизира Македонија“.
Македонија
ВМРО-Народна: Владата правеше политичко шоу за да ја дефокусира јавноста од одбележувањето на 100 годишнината од битката на Кајмакчалан
Oд ВМРО-Народна партија оценуваат дека конечно стана јасно зошто една недела Владата на ВМРО-ДПМНЕ правеше политичко шоу околу протоколарните пропусти со Република Бугарија.
Според оваа партија, се работи како што велат за дефокусирање на јавноста за да во исто време, на 22 септември, на врвот Кајмакчалан зад очите на македонската јавност,а притоа без никакви информации биде ододбележана 108 годишнината од битката на Кајмакчалан.
„Со многу српски знамиња без ниту едно македонско знаме, во присуство на потпретседателот на македонската Влада и високи српски државници ја одбележаа „окупацијата на Македонија“. Во нивните говори ниту еднаш не беше спомнато името на државата во која претстојуваат, во нивните говори окупацијата на Македонија десетина пати беше наречена „ослободување“, во нивните говори Кајмакчалан беше нарекуван како „врата на Кралството Србија“, а Битола град во Кралството Србија.
Да не спомнуваме дека Единаесеттата македонска дивизија која се бореше од другата страна против српската окупација во Македонија никој не ја ни спомна. Очигледно Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува традицијата после славната прослава на Зебрњак во времето на Никола Груевски во која „окупацијата на Македонија“ ја прославуваме токму самите ние“, известуваат од партијата.
За ВМРО-Народна партија е жално да се гледа како владата на ВМРО-ДПМНЕ сепак решила да ја витка кичмата и толку недостоинствено да се однесува кон трагедијата на македонскиот народ.
„Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во времето додека живеевме во Југославија и Македонија под водство на Лазар Колишевски празниците на српската окупација не беа празнувани и за тој период учевме
дека тоа е најтешкиот период за македонскиот народ, а тогашната македонска левица и десница ја нарекуваше „зандана на народите“, реагираат од ВМРО-Народна партија.
Македонија
Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици
Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и кеј „Македонија“. На 26 и 27.09.2024 година (четврток и петок), на улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила, а во тек на движење на возилата во состав на делегациите, привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид-Св.Наум. На 27.09.2024 година, безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа, известува СВР Охрид.
Од СВР Охрид апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, на овие сообраќајници, ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.