Македонија
Матичните книги на студентите ќе се обезбедуваат од МОН
Унифицираните матични книги за запишани студенти како и главните книги на дипломираните студенти на високообразовните установи во иднина ќе бидат обезбедувани од страна на министерството за образование и наука.
Унифицираните матични книги за запишани студенти како и главните книги на дипломираните студенти на високообразовните установи во иднина ќе бидат обезбедувани од страна на министерството за образование и наука.Ова го соопшти денеска министерот за образование и наука, Никола Тодоров, кој истакна дека новината се воведува заради спречување на можности за манипулација со податоците во матичните книги и главните книги, и спречување на злоупотреба на податоците кои тие ги содржат, како и нивно обезбедување како документ од трајна вредност.„Ако некој сака да отиде во некоја високо образовна установа затоа што условно кажано се договорил со некој од високо образовната установа да ја земе дипломата без да помине четири години, без да ги полага сите испити и високообразовната установа нема да може да го запише како да се запишал пред четири години. Ова беше можно досега и ние основано се сомневавме дека во некои високо образовни установи тоа е и правено за прилично високи суми кога некои луѓе добивале диплома за еден или два месеци без да се појават на факултет и да ги полагаат испитите“, рече Тодоров кој додаде дека иницијативата доаѓа по предлог од еден од приватните универзитети.Факултетот води матична книга на запишани студенти и одделно за студии од прв, втор и трет циклус. Отворањето и затворањето на матичните книги еднаш годишно ќе се врши од страна на одговорното лице, односно ректорот, деканот или директорот на државниот просветен инспекторат. Матичната книга се затвора најдоцна 15 дена по запишување на студентите во последниот уписен рок во студиската година а главната книга се затвора најдоцна до 15 јануари секоја година./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

