Контакт

Македонија

Бордот за заштита на Охридското езеро ќе се состане во Тирана

Објавено пред

Во рамките на Прекуграничниот проект за интегрирано управување со Преспанскиот басен, денеска, во Тирана ќе се одржи состанок на Заедничкиот Борд

dobivaj vesti na viber

Во рамките на Прекуграничниот проект за интегрирано управување со Преспанскиот басен, денеска, во Тирана ќе се одржи состанок на Заедничкиот Борд на кој ќе бидат разгледани активностите во прекуграничната компонента на Проектот и прогресот на националните компоненти, пренесува интернет весникот охридњуз. Се очекува на состанокот да бидат утврдени и активностите во наредниот период. На состанокот ќе присуствува и преставник од Министерството за животна средина и просторно планирање од Македонија, Дејан Пановски. “Исклучително е важно да се санираат состојбите на Преспанскиот слив пред се заради влијанието што го има врз состојбите во Охридското Езеро и врз целиот Дримски басен. Доколку институционално и теренски заштитата се оствари поголеми ќе бидат основите за целосна заштита на езерата, а преку тоа поголема ќе биде и можноста  за нивно еколошка и туристичка валоризација. Ако ја заштитиме Преспа , сме го заштитиле и Охрид и целиот регион. Тоа е едно ткиво и еколошко и економско“, потенцира Пановски.На состанокот во Тирана свои излагања ќе имаат меѓународниот советник за прекугранични прашања, како и преставниците од трите страни на сливот Албанија, Грција и Македонија. крај/охридњуз/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Објавено пред

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

dobivaj vesti na viber

Тој беше прашан дали огнот досега соодветно се гаснел со вода, пришто појасни дека дел од пожарот зафаќа дрвја, даски, пластика и друг запалив материјал. Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад, рече Ангелов, се изолира и ќе биде гаснет со песок. Најави и дека во секој момент ќе пристигне голема количина на песок.

Прикажи повеќе...

Македонија

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Објавено пред

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да постои можен ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни супстанции, им препорачува на населението:

dobivaj vesti na viber

– Во областите каде што постои ризик од загаден воздух, да останат внатре и да ги затворат прозорците и да се вратат, особено во областите во непосредна близина на местата каде што има активни пожари.

– Исклучете ги системите за вентилација и климатизација кои вшмукуваат надворешен воздух, за да се спречи влегување на чад и загадувачи во просторијата;

– Редовно следете ги официјалните информации и ажурирања за квалитетот на воздухот

– На лицата со респираторни заболувања, малите деца, постарите лица и бремените жени им се советува да избегнуваат каква било активност на отворено.

– Кога е потребно да се движите на отворено, во областа што е во непосредна близина на местото на горење, да користат соодветни маски

– Установите за нега на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група;

– Да се ​​обрне внимание на симптоми како што се кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото. Секој што ќе ги забележи овие симптоми треба веднаш да побара медицинска помош;

– Да се ​​воздржи од контакт или приближување до отпад од таканаречените погодени области додека не се добие официјална дозвола за пристап;

– Да се ​​следат сите упатства од јавните здравствени установи и службите за итни случаи, како и упатствата за евентуална евакуација доколку истото го препорача надлежна надлежна институција.

Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедниците.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Објавено пред

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања и насоки од здравствените и надлежните власти за заштита на населението.

dobivaj vesti na viber

„Пластиката дава густ и црн, а верувам и токсичен чад“, рече предмалку директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од местото на пожарот. Тој истакна и дека огнот е подметнат, нема повредени лица, а пожарникарите на терен се со соодветна заштита.

„Шанса за центар“ на социјалните мрежи предупреди дека гори рециклаторен центар, соработник на НУЛТА ОТПАД – компанија овластена за преземање на литиум јонски батерии од апарати и возила, како секаков електронски отпад.

„Кога горат литиум- јонски батерии најтоксична супстанца која се ослободува е хидроген флуорид (HF), која може да предизвика тешки нарушување на здравјето доколку е во затворен или полузатворен простор. Спореде европската агенција за хемикалии (ECHA) HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај HF, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.

Кога гори електронски отпад во кој многу често има печатени плочки, пропратна пластика и други материјалот како олово (Pb), кадмиум (Cd), хром (Cr), никел (Ni), бакар (Cu) и цинк (Zn) со горењето се создаваат соединенија кои ги содржат овие елементи. Дополнително литиум-јонските батерии при горење развиваат многу високи температури (од 800- па до 1600 степени зависно од јачината) дури прават и мини експлозии.

На социјалните мрежи се споделува и објава на Искра Јанковска Михајловска која работи на докторат на тема заштита на литиумските батерии од горење. Таа стручно, меѓудругото, објаснува дека батериите при складирање пред рециклирање се неутрализираат и има посебни мерки за заштита како и обуки на вработените. При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на HF-хидроген флурид.

Засега нема препораки до населението, ниту податок колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево.

„Ја информираме јавноста дека Министерството за здравство ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево. Во постојана координација е со сите надлежни институции. Службите на Министерството се подготвени за навремено постапување во рамки на своите надлежности, а во зависност од натамошниот тек на настаните“, наведе Министерството за здравство во кусо соопштение.

Вештачката интелигенција децидно советува да не се излегува надвор.

„Не е препорачливо да излегуваш, дури ни за 5 минути, бидејќи во чадот од горење електроника и пластики има токсични супстанции (како диоксини и фурани) што можат да бидат штетни дури и при кратка изложеност. Ако мора да излезеш (на пример, итна потреба), тогаш стави заштитна маска (FFP2/N95) или барем хируршка маска, и обиди се да останеш што е можно пократко. Држи ги прозорците и вратите затворени во домот за да спречиш чад да влегува внатре. Ако имаш клима уред или прочистувач на воздух, користи го за да се намали загадувањето во внатрешниот простор. Дури и кратко излегување може да значи вдишување на штетни материи, па најбезбедно е да почекаш додека не се намали чадот“, советува алатката со вештачка интелигенција „Чат ГПТ“.

Министерот за здрава и животна средина, Изет Меџити, беше вклучен во живо на социјалните мрежи од Чаир, од политички настан во пресрет на локалните избори. Ниту од неговото Министерство не излегоа со препораки за пожарот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија2 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија3 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија5 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија6 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија7 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија7 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет11 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија12 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија13 часа

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет14 часа

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет14 часа

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија16 часа

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија1 ден

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија1 ден

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет1 ден

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет1 ден

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...