Македонија
Клиниката за ревматологија со зголемен буџет од 50 отсто
Клиниката за ревматологија оваа година ќе има зголемен буџет за 50 проценти што ќе им овозможи на болните од ревматизам и артритис поголема достапност до биолошка терапија.
Клиниката за ревматологија оваа година ќе има зголемен буџет за 50 проценти што ќе им овозможи на болните од ревматизам и артритис поголема достапност до биолошка терапија.Средствата ќе бидат наменети за вкупно 110 најтешко болни, меѓу кои 70 нови и 40 пациенти кои се веќе на листата на чекање за биолошка терапија. Ова денеска го соопштија заменик министерот за здравство Владимир Поповски и директорката на Фондот за здравство Маја Парнарџиева Змејкова.„При распределба на буџетот до сите здравствени установи, Фондот за здравство на 1 април го зголеми буџетот на клиниката за 50 отсто, односно од 45 на 65 милиони денари како можност да се зголеми здравствената услуга во Македонија“ – рече Парнарџиева – Змејкова на прес конференцијата одржана од Невладината организација за Ревматизам и Артритис НОРА.Освен тоа, Министерството за здравство ќе воведе и протоколи, како дел од платформата на НОРА за дијагноза, лекување, рехабилитација и социјални права на лицата со ревматолошки заболувања.Според Поповски тоа ќе значи дополнително олеснување во третманот на пациентите со ревматолошки заболувања и правилен пристап до биолошка терапија.Драган Чичиќ претседател на НОРА најави дека Македонија ќе биде прва земја од Европа која на 17 јуни ќе започне кампања за имплементација на „Бриселската Декларација“, со поддршка од Европската лига за борба против ревматизам и артритис.„Сите овие заеднички активности ќе придонесат за ова доста широко распространето заболување да биде ставено под контрола во нашата република по сите современи протоколи и со тоа да го овозможиме подобрувањето на квалитетот на животот на овие пациенти“ – додаде Поповски. Бројот на заболени од овие хронични болести постојано расте. Секој четврти или вкупно 120 милиони жители на Европа боледуваат од ревматични и мускулоскелетни болести за што се издвојуваат 240 милијарди евра годишно средства на европските држави поради дисабилитет, предвремени пензионирања, болнички трошоци и трошоци за лекови. .крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

