Македонија
Околу илјада матуранти танцуваа против насилството
Околу илјада матуранти од средните училишта во Скопје денеска танцуваа за борба против насилството на плоштадот „Пела“.
Околу илјада матуранти од средните училишта во Скопје денеска танцуваа за борба против насилството на плоштадот „Пела“. Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски ја отвори интернационална прослава „Матурска парада 2011“.„Вие матурантите со матурирањето затворате едно поглавје во книгата на животот и се надевам дека со својот младешки елан и ентузијазам успешно ќе ги совладувате новите предизвици кои ги носи современиот тек и времето во кое живеете. Рамноправно со своите врсници учествувате во еден Европски проект, во создавањето на една нова традиција“ изјави Трајановски. Матурантите пред ги започнат танците се заколнаа на заклетва против насилството. Во точно 12 часот за нов Гинисов рекорд, матурантите од Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Хрватска и други земји, истовремено го започнаа танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ што се игра во четири слики: „Панталон“, „Ете“, „Пасторел“ и „Финале“ и трае вкупно осум минути. Потоа, за првпат годинава го одиграа и танцот „Салса“, за на крај прославата да заврши со забавни песни. Годинава во Македонија на оваа манифестација, покрај главниот град Скопје, учествуваа и градовите Струмица, Струга и Охрид. Во земјава Матурската парада се одржува по петти пат./крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

