Македонија
Јолевски: Гласањето на дијаспората – историски чекор

Гласањето на дијаспората е историски чекор за Македонија, смета македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски, кој во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик говори за гласањето што ќе биде спроведено на 4-ти јуни, ден пред одржувањето на изборите во Македонија.
Амбасадор Зоран Јолевски очекува добра излезност. Информира дека за гласањето се пријавиле 7.258 лица, од кои 1.830 во САД и Канада.„Ова е историски чекор за сите нас, за Македонија и дијаспората, бидејќи за првпат ќе има претставници во законодавниот дом, односно во Собранието“, вели Јолевски.За критиките дека учеството на дијаспората на овие избори е пребрз чекор и скапо ќе ја чини Македонија, Јолевски со коментар:„Во принцип демократијата не е евтина. Ако едно лице треба да оствари одредено демократско право, не е важно колку чини тоа. Тоа право треба да му биде овозможено на граѓанинот“, вели Јолевски. Амбасадорот на Македонија во САД на овие избори гледа шанса иселениците да почувствуваат дека се дел од Македонија и дека можат да донесат промени во политичкиот живот, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.