Македонија
Георгиев:Груевски и МВР ги знаеле организаторите на азилантите уште лани

Можеме слободно да кажеме дека токму Груевски и неговиот омилен коалиционен партнер, Амди Бајрам, ќе ги вратат редиците пред странските амбасади
Ова денеска го изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ, при тоа додавајќи дека македонските власти и МВР биле алармирани за опасноста од враќање на визите од страна на европските институции уште пред 14 месеци.„Овој документ на МВР е доказ дека државните органи уште од декември 2010 година знаеле дека организатор на превозот на лица кои бараат азил во земјите на ЕУ, е патничката агенција „Скај Вин“. Управител на агенцијата е синот на Амди Бајрам, коалиционен партнер на ДПМНЕ и кандидат за пратеник во ИЕ2, Елвис Бајрам, инаку градоначалник на Шуто Оризари“, рече Георгиев.Тој, презентирајќи го документот, додава дека МВР била запознаена дека агенцијата на Елвис Бајрам најмалку еднаш неделно, со два автобуси, во периодот од јануари до октомври 2010 пренесувала патници во земјите на ЕУ.„Затоа, глумењето на активитет на кој сме сведоци во изминативе неколку денови од страна на Јанкуловска и Наумовски не е ништо друго туку циркус. Да сакаа нешто да направат, ќе направеа многу одамна. Напротив, не само што на Бајрам му оставија бришан терен, туку и решија да коалицираат со него“, нагласи Георгиев.Потпретседателот на СДСМ обвини дека поради неодговорниот однос на власта Македонија по бројот на баратели на азил во ЕУ е во редот на една Сомалија, Иран, Ирак и Авганистан.„На Никола Груевски не му е гајле ниту за интересот на македонските граѓани, ниту за подобрување на животот во Македонија, а најмалку од сè, му е гајле за имиџот на македонската држава“, рече Георгиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.