Македонија
Презентирана апликација за специјалистичко-консултативна здравствена заштита
Министерот за здравство Бујар Османи денеска присуствуваше на Клиниката за детска хирургија, каде беше извршено презентирање на електронското апликативно решение за специјалистичко-консултативна здравствена заштита.
Министерот за здравство Бујар Османи денеска присуствуваше на Клиниката за детска хирургија, каде беше извршено презентирање на електронското апликативно решение за специјалистичко-консултативна здравствена заштита. Ова решение е дел од проектот за интегриран здравствен информатички систем. Негова главна цел, како што рече министерот, е создавање на здравство без хартија и овозможување на брз пристап и размена на податоци и информации за пациентите и нивната здравствена состојба. „Во моментот целосно е завршена апликацијата на примарно ниво, на ниво на матичните лекари, каде е создадена неопходната информатичка поддршка на овој систем. Денеска е готова и апликацијата на специјалистичко-консултативно ниво, а при крај е и болничката апликација. Направени се регистрите неопходни за евиденција, а исто така е создадена и централната дата база, односно главниот мозок-компјутер кој што е сместен во подрумот на Министерството за здравство, каде ќе бидат сместени електронските досиеја на сите пациенти во РМ“, рече министерот Османи. Директорот на Клиниката за детска хирургија Ристо Симеонов информираше дека овој систем веќе функционира еден месец. „Низ овој систем минатиот месец поминале 466 пациенти, со 508 пакети од Фондот за здравствено осигурување(ФЗО). До 20. мај поминати се 262 пациенти, со 321 пакет преку ФЗО“, рече Симеонов. Запрашан за неговата активност за време на изборната кампања, министерот за здравство со став дека неговата активност е во интерес на пациентите, а не во функција на изборната кампања. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

