Македонија
СДСМ: Оставинската постaпака на семејството на сопругата на Црвенковски не е завршена
Оставинската постапка на семејството на сопругата на на Бранко Црвенковски не е завршена, изјави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев во врска со текстот поврзан со имотот на Бранко Црвенковски
Оставинската постапка на семејството на сопругата на на Бранко Црвенковски не е завршена, изјави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев во врска со текстот поврзан со имотот на Бранко Црвенковски којшто денеска беше објавен во дневниот весник „Дневник“.
„Јас само кратко ќе соопштам дека оставинската постапка на семејството Димитровски не е завршена. Не гледаме зошто инаку не би бил пријавен имот стекнат пред 30 години и оставен во наследство од покојниот татко на г-ѓа Јасна Црвенковска. И затоа сакаме да ги поздравиме овие истражувачки способности на новинарите на ’Дневник’, кои се сведоа на разузнавачко-валкана испостава на ДПМНЕ. Ние нема да се бавиме со тоа, СДСМ победува на следните избори, ние ќе продолжиме со позитивна кампања“ рече Георгиев.
Во тесктот под наслов „Црвенковски крие имот во Хрватска и во Србија“ во денешниот број на „Дневник“ пишува дека неговата сопруга е сопственик на имот на хрватскиот остров Корчула, вреден 150.000 евра и на 1/3 стан во Белград, а поранешниот премиер и претседател тоа никогаш не го пријавил во својот имотен лист, иако тоа е задолжително. Имотот се водел на моминското презиме на сопругата Јасмина, Димитровска, се вели уште во текстот. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

