Македонија
Дебата: Колку македонската младина е подготвена за европските вредности?
Потребни се повеќе напори со цел поголема вклученост на младите во волонтерска работа и постигнувањето на европските вредности, заклучија учесниците на дебатата „Македонската младина е подготвена да ги прифати европските вредности“ во организација на Македонскиот Образовен форум (МОФ).
Потребни се повеќе напори со цел поголема вклученост на младите во волонтерска работа и постигнувањето на европските вредности, заклучија учесниците на дебатата „Македонската младина е подготвена да ги прифати европските вредности“ во организација на Македонскиот Образовен форум (МОФ).Главниот проблем го гледаат во општеството, кое многу малку го поттикнува волонтeризмот како европска вредност.„Точно е тоа дека дел од младината е мрзелива, но постојат и голем број на млади кои што сакаат да волонтираат, но неможат, поради тоа што се отфрлени. Ние на тоа алудираме. Дека да постои волја и кај јавниот и кај приватниот сектор за да тие млади луѓе можат да волонтираат и да придоенсат за развитокот на државата, бидејќи тие утре ќе учестуваат во нашиот Бруто-домашен производ“, рече Горијан Анастасов од ЕУ Клубот при МОФ.„Проблемот кај нас е што не им се дозволува на младината да дојде до збор. Многу брзо се прекинува нивниот збор. На пример, вакви јавни дебати се случуваат многу ретко. Мислам дека тоа е последица на начинот на размислување на родителите, првенствено, бидејќи тие го пренесуваат овој начин на размислување кон младите и сеопштата политизираност на младината. Тие уште од млади се активираат, но користат туѓи начини на размислување, а не своите“, рече Демијан Хаџи-Ангелковски од ЕУ Клубот при МОФ.Словенечкиот амбасадор Алан Бергант, споделувајќи го искуството од неговата земја, порача дека, покрај волонтерството, младите треба да ги искористат програмите за образование и работа што им стојат на располагање, како најдобар начин за нивен придонес во општеството.“Мислам дека треба да се најде некоја сврзна точка, каде студентите и средношколците од една и приватниот и бизнис секторот од друга страна ќе се поврзат. На тој начин, на пример, некој приватник ќе рече дека му се потребни двајца за работа, а таа информација веднаш се праќа до заинтересираните. Значи треба поврзаност, за да може да се конкурира на пазарот“, рече Бергант. На денешната младинска дебата стана збор и за толеранцијата, солидарноста и мултикултурализмот како европски и универзални вредности. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

