Македонија
Закани и напади меѓу партиски активисти во Шутка

Партиски активисти на Партијата за целосна еманципација на Ромите која е во коалиција со СДСМ вчера нападнале активист на Сојузот на Ромите на Македонија кој претходно им се заканувал, информираат од СВР Скопје
Пред два дена околу 23:30 часот четири лица кои најверојатно се активисти на Сојузот на Ромите отишле во куќата каде што е сместен штабот на ПЦЕР на улица „Овчеполска“ и му се заканиле на сопственикот на куќата, да не го отвара штабот. Лицата биле повикани на разговор и предупредени.Синоќа пак, во 20 часот, додека еден од заканувачите се возел со својот автомобил, патот му го попречил сопственикот на куќата, каде што е сместен штабот на ПЦЕР и неговиот татко. Го извлекле од возилото, го нападнале, а почнале да удираат и по автомобилот. Нападнатиот успеал да влезе во автомобилот и случајот го пријавил во полиција. Против напаѓачите ќе следува кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Битола за летниот период ќе има нов базен, најави Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски заедно со Министерот за спорт Борко Ристовски, при денешната посета на локацијата каде што треба да биде изграден затворениот базен во Битола, најавија дека базенот наскоро ќе биде завршен.
„Подготовките веќе се одвиваат на големо. Веќе од следната недела ќе се почне со интензивно продолжување на работата за завршување на базенот. Во договор со градоначалникот и општината, договоривме надзорот да го превземе општината и веќе наредната недела ќе имаме и надзор и ќе можеме официјално да ја продолжиме изградбата на овој базен во Битола, нешто што многу ги интересира битолчани, а беше пред 4 години почнато и ветено, дојде редот ние да го завршиме да го надминеме застојот кој беше изминатите години, но најважно од се е дека од страна на оваа Влада и градоначалникот на Битола, најдовме заеднички јазик, има волја и желба да го завршиме и конечно сите оние базени кои што се почнати, а не се завршени, до крајот на летото ќе ги ставиме во употреба, од што краен бенефит ќе имаат и граѓаните на Битола и граѓаните во сите градови каде што се започнати“, рече министерот за спорт, Борко Ристовски.
Во однос на техничките карактеристики, беше посочено дека објектот е наменет пред се за детска популација, за обука, едукација, пливачки и спасувачки школи кои ќе се едуцираат, но и за граѓанството. После завршувањето на изградбата општината ќе го превземе во сопственост базенот, а најголем бенефит се очекува да има училиштето Даме Груев, во чиј двор се наоѓа овој објект.
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека во Битола, никогаш не се вложувало повеќе во спортот, потенцирајќи ги проектите кои ќе следуваат за изградба на спортски игралишта и училишни спортски сали.
Министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги посетија и другите две локации, каде наскоро ќе се реализираат два нови проекти, за кои општината ја обезбеди проектната документација, а Владата одобри финансиски средства. Станува збор за проектите за изградба на центар за спорт и рекреативни активности – боксерска сала и санација на јужната трибина на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“.
Македонија
(Видео) ДПМНЕ застана на браникот против работниците, кои бараат достоинствен приход, велат од СДСМ

Од СДСМ оценуваат дека оваа влада има пари за луксуз, за привилегии, за богатите, но не и за народот, работниците, кои се темелот на секое општество, и се нападнати затоа што бараат само едно: фер и достојна плата.
За Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ отворено застана против работниците, правејќи сè за да ги замолчи оние кои бараат подобар живот. Наместо да ги зголеми платите, како што вели, оваа власт води валкана кампања, со лаги и притисоци, за да ги уништи сите организации кои се независни и го креваат гласот против неправдите.
Целта според Цветаноски е јасна – да се заплашат работниците и сите што бараат правда.
„Да се создаде атмосфера во која никој повеќе нема да се осмели да побара нешто што оваа власт не сака да го даде. ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ битка против секој што се осмелува да бара подобар живот, против секој што се спротивставува на диктатот на ДПМНЕ.
Во минатото, ВМРО-ДПМНЕ глумеше поддршка за работниците, но сега вистинското лице е откриено. Ги користеа кога им требаа за политичка пресметка, а сега сакаат да ги замолчат засекогаш.
Но, лагите и заканите нема да ги спречат работниците да се борат. СДСМ останува доследна и ќе продолжи да ги поддржува сите што бараат правда“.
Како што рече, ВМРО-ДПМНЕ сака да создаде тишина и страв, но тоа нема да се случи. Нагласи дека работниците нема да бидат замолчени и дека СДСМ ќе биде тука, во таа борба, сè додека секој работник не добие плата со која може да живее.
Македонија
(Видео) Цветаноски: Таравари е фатен во обид за криминал и треба да одговара и да поднесе оставка

Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал со паркингот на Клиничкиот центар.
Под притисок на СДСМ, на јавноста тие се повлекоа, Таравари најави дека ќе го поништи спорниот тендер со албанската компанија Ѓока констракшн, кажа на прес-конференција Симона Цветаноски, членка на Извршен одбор на СДСМ.
Според неа, јавноста и граѓаните веќе знаат дека постои основано сомнение целиот дил бил предвреме договорен и затоа мора да има одговорност.
„Поништувањето на огласот не го побива фактот дека Владата на Мицкоски преку огласот на Министерството за здравство сама се согласила државата да се откаже од 99% од профитот и да добива само 1%.
Ова е основа за корупција и доказ дека дека се основани сомнежите дека огласот бил однапред правен токму за Ѓока Констракшн и на штета на граѓаните и пациентите.
Дополнително, фактот што во огласот како квалификација се барало компанијата да има градено мостови, што нема никаква врска со предметот на набавката, е јасен сигнал за истражните органи дека оваа спогодба била договарана, па затоа мора да се поведе постапка“.
СДСМ, кажа таа, бара итна и неотповиклива оставка од Таравари и целосна истрага од институциите.
Ако ова остане без разрешница, како што изјави, повеќе од јасно е дека истото ќе се повтори со друга компанија и за секоја следна набавка.
„Јасно е дека оваа Влада, освен наместени тендери, нема интерес да работи нешто друго. Сите скандали што СДСМ ги објави досега потврдуваат дека постои сериозна тендерска мрежа со цел масовен грабеж и испумпување на буџетот кон приватни компании“, истакна Цветаноски.