Македонија
Соренсен го прекинува мандатот во Македонија и се сели во БиХ?
Евроамбасадорот во Македонија, Данецот Петер Соренсен ќе го прекине мандатот за да замине во Босна и Херцеговина(БиХ), јавуваат босанските медиуми.
Евроамбасадорот во Македонија, Данецот Петер Соренсен ќе го прекине мандатот за да замине во Босна и Херцеговина(БиХ), јавуваат босанските медиуми.
Соренсен ќе биде прв шеф на делегацијата на Европската унија(ЕУ) и специјален претставник на ЕУ во БиХ, пишува Срна.
Кетрин Ештон, европскиот висок претставник за надворешна политика и безбедност се одлучила за Соренсен по повеќемесечната потрага за личност која би ја обавувала функцијата која се смета за исклучително важна, јавува дописникот на Срна од Брисел.
Ештон пред посетата на Бањалука и Сараево одлучила прв шеф на делегацијата на Европската унија и специјален претставник на ЕУ да биде Соренсен. Како негова предност се смета неговото познавање на регионот.
Данскиот дипломат, кој е долгогодишен бриселски кадар за поранешна Југославија, служеше во многу поранешни југословенски држави, во Македонија го замени Ирецот, Ерван Фуере.
Соренсен му бил советник на пратеникот на Обединетите нации за Балканот во почетокот на оваа декада, а потоа и советник за Косово на ОН. Од 2002 до 2006 година Соренсен бил заменик на шефот на УНМИК и директор на европското биро за Косово, а подоцна и офицер за врски на Советот на ЕУ во Белград./крај/срна/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

