Македонија
Кружниот тек во Ѓорче Петров отворен за сообраќај
Кружната крстосница – кружен тек меѓу улиците Ѓорче Петров, Воин Драшковиќ и Радушка во општина Ѓорче Петров од денеска официјално е отворен за сообраќај.
Кружната крстосница – кружен тек меѓу улиците Ѓорче Петров, Воин Драшковиќ и Радушка во општина Ѓорче Петров од денеска официјално е отворен за сообраќај. Вкрстувањето на овие три улици е решено со кружен тек со две коловозни ленти широки седум метри и со нови пешачки и велосипедски патеки.„Големите редици возила кон излезот на Скопје, во правец кон Тетово што беа секојдневие на оваа крстосница ќе станат минато. Новиот кружен тек ќе овозможи поголема проточност на возила, без задржување на семафор. Со тоа ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот. Ова е прв кружен тек на толку фреквентна улица во градот, а Градот Скопје ќе продолжи да гради кружни крстосници на повеќе локации за да се намали сообраќајниот метеж“, рече градоначалникот Коце Трајановски.Тротоарите и велосипедските патеки на кружната крстосница се покриени со бекатон плочки. Велосипедските патеки се означени со црвена боја. Поставени се и заштитни столбчиња. Градежните работи ги вршеше компанијата „Пелагонија“ од Гостивар.Градоначалникот Трајановски рече дека реконструкцијата на петте големи сообраќајници во централното градско подрачје е завршена и најави започнување на реконструкција и проширување на булеварот Свети Климент Охридски, кој треба да добие по три ленти во секоја насока, средишно зеленило и нови тротоари. /крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

