Македонија
Јанкулоска: Шекеринска случајот го пријави прво во А1, па потоа во полиција
„Драматично обзнание на Радмила Шекеринска“ вака министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска го опиша случајот за кој што синоќа соопшти канидатот за премиер на СДСМ, Радмила Шекеринска, кога тврдеше дека била нападната од непознато возило со шише
Министерката Гордана Јанкулоска која ова го нарече „настан“ вели дека не може да се утврди што точно се случило и дали воопшто нешто се случило. Наместо случајот го пријават во полиција, Јанкулоска вели дека случајот бил најпрви пријавен на А1 телевизија па потоа во институциите.„Иако законите налагаат ако се случи било каква сообраќајна несреќа или друг инцидент да се остане на лице место или истиот веднаш да се пријави за соодветно да се обезбеди местото и да се спроведе истрага, госпоѓата Шекеринска тоа не го стори. Напротив настанот беше прво пријавен во А1 телевизија во овластените државни иснтитуции. Дали станува збор за непознавање или непочитување на законите и институциите или станува збор за обид да се добие на време и да се прикаже дека се признава само судот на А1, се прашања на кои одговор треба да даде сепак Шекеринска“ изјави Јанкулоска.Според Јанкулоска откако случајот бил пријавен на А1, МВР упатиле екипи да го пребараат патот и се обиделе да го лоцираат местото. Неколку часа по пријавата во А1, околу 1 часот во дежурниот центар во МВР се јавило лице кое се претставило како поранешен помошник во секторот за внатрешни работи Скопје инаку сега вработено во Агенција за разузнавање. Се обратил со зборовите “Дечките од кај Шекеринска ќе се јават да пријават наста, знаеш читаше слушаше има на телевизија“. „Откако дежутниот работник посочил дека не гледал телевизија лицето кое пријавувало грубо возвратило со зборовите „Не ме прекинувај слушај јас што ти кажувам“. Половина час подоцна во центарот се јавило лице кое се претставило како возач на Шекеринска кое согласно законот било упатено да се обрати во најблиската полициска станица за да биде направен и заведен соодветен записник за пријавата. Два часа подоцна во центарот се јавило и лице кое што се претставило како Бранко Геровски кое напоменало дека сака да испрати факс и да информира за настан. Потоа дури во 2:45 минути лицето кое се претставило како возач на Шекеринска дошло во просториите на полициската станица Велес за да поднесе поплака“ вели Јанкулоска. Според поплаката, на патот Прилеп – Велес помеѓу село Дреново и крстосницата во село Сирково им било блендирано од возило со непозната марка кое имало затемнети стакла.Кога возачот подзастанал да го пропушти возилото истото почнало да се движи паралелно со нив, а лицето што било на совозачкото седиште го подотворило прозорецот и кон нив фрлило со полузпрано шише со вода. Тоа шише удрило во задната страна на нивното возило, а по ова возачот го забрзал возилото по што второто возило останало позади.„МВР ќе постапи по пријавата, но морам да напоменам дека во вакви случаи кога е напуштено лице местото кога не може да се обезбедат траги очекувањата се дека истрагата може да се одвива бавно со оглед на фактот што пријавителите успеале да видат дека станува збор за полупразно пластично шише со вода, но не усеало да го видат возлиото неговата боја, марка или било какви други инфорации да дадат за да може да се одвива истрагата. Инаку нема никакви оштетеувања не постојат никакви траги дека нешто се случило, освен исказите на пријавителите кои сериозно ќе ги испитаме и по нив ќе постапиме“ рече Шекеринска.Канидатото за премиер на СДСМ, Радмила Шекеринска синоќа соопшти дека нејзиното возило кога се враќале од митингот во Прилеп било нападнато од друго возило и врз него било фрлано со пластично шише.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

