Македонија
Вработен во пошта во Битола украл околу 100.000 евра

Вработен во Македонски пошти рано утрово околу 6 часот украл поштенски пик-ап со 100 илјади евра.
Вработен во Македонски пошти рано утрово околу 6 часот украл поштенски пик-ап со 100 илјади евра.Во комбето имало пари за разнесување во експозитурите на Македонки пошти. Вработениот заедно со парите е во бегство. Ова е втор грабеж на пошта во Битола. Пред неколку дена вооружено маскирани лице ја ограби поштата во Нова Битола./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Државен скандал, на министерот за социјална политика му е одбиена визата за САД, велат од Алијанса за Албанците

Вчера беше откриена шокантна вест, на министерот за социјална политика, демографија и млади при Владата на Северна Македонија, Фатмир Лимани, му е одбиена визата за Соединетите Американски Држави, поради што е принуден да ја откаже официјалната посета на ОН, Њујорк, информираат од Алијанса за Албанците.
Ова, како што велат е сериозен удар за имиџот на државата, срам за институциите и алармантен показател за меѓународната дискредитација на оваа власт.
„Наместо да даде јасни објаснувања и да преземе одговорност, министерот Лимани ја одложи својата реакција и вечерта на социјалните мрежи призна дека има „ограничени движења“ поради неговото политичко минато, наводно обвинувајќи го својот поранешен ангажман.
Ова е чиста манипулација! Единствениот важен факт е дека на владиниот министер му е забранет влезот во САД – стратешки сојузник и клучен партнер на Северна Македонија. Ова не може да помине без последици“
Од оваа партија бараат итна оставка или разрешување на Фатмир Лимани. Ова, според нив, не е само личен неуспех од негова страна, туку црна дамка на целата влада.
„Молкот на премиерот и неговите партнери покажува или неспособност да се справат со оваа криза, или страв да се каже вистината.
Граѓаните заслужуваат влада која не ја посрамоти државата на меѓународен план. Нашите меѓународни партнери треба да знаат дека овој скандал не ги претставува Албанците, ниту евроатлантските вредности што ги браниме“, додаваат од Алијанса за Албанците.
Како што најавуваат ќе инсистираат „овој срам“ да не се прикрива.
Македонија
(Видео) Стојаноски: Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома

Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома. Со години Македонија ја трујат со отровен, канцероген мазут, и за тоа се платени стотици милиони евра од буџетот преку разни тендери, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, шемата во којашто се вмешани врвни функционери на СДС, како Васко Ковачевски кој е во бегство, синот на пратеникот Јахоски кој има бизнис мрежа која се протега до зетот на Али Ахмети е тешка 167 милиони евра.
Оваа шема, нагласува Стојаноски, со години ја труеше Македонија, а тие испумпаа стотици милиони евра.
„Тоа што институциите го процесуирале до правосудните органи е веќе познато за целата јавност. Граѓаните знаат кој ги труел и притоа ги крадел. Само судиите на СДС и ДУИ ги штитат криминалците.
Наместо најстроги мерки за обезбедување на присуство, судиите на СДС и ДУИ го пуштиле дома синот на пратеникот Јахоски, газда на Пуцко Петрол.
Иако помеѓу осомничените има лица кои се во бегство, како Васко Ковачевски, судот верува дека останатите нема да бегаат.
Со што се увери судот дека и другите осомничени, кои се имотни, нема да се впуштат во бегство?
Кој ќе одговара ако уште некој од осомничените избега?“.
Стојаноски прашува и до кога судиите ќе им служат на СДС и ДУИ, а не на народот.
Пресудите, како што истакнува, се носат во име на граѓаните, а не во име на партиите СДС и ДУИ.
Порача, судиите да се освестат и да почнат да работат по закон. Одговорноста, како што оценува, за секој пропуст и криминал е нивна.
Македонија
Општина Аеродром: ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче добива проширување на капацитетите за над 100 ученици

Општина Аеродром издаде одобрение за доградба и надградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и со овој проект веќе е аплицирано на вториот јавен повик од Владата за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти, информираат од општината.
В. д. градоначалникот, Дејан Митески, го потпиша одобрението со кое најстарото училиште во Аеродром за прв пат од своето постоење ќе добие проширување на капацитетите за над 100 ученици.
Доградбата и надградбата опфаќаат 300 квадратни метри нова површина на постојното источно крило од училиштето, при што покрај трите нови училници и нова канцеларија, ќе бидат изведени нова кровна конструкција, внатрешна и надворешна столарија, нови подови, нова термичка фасада, целосно нова опрема, како и нови електрични, водоводни, термотехнички и противпожарни инсталации.
Во централното училиште во Горно Лисиче учат околу 500 ученици, додека во подрачното училиште на ООУ „Гоце Делчев“ што се наоѓа во Долно Лисиче настава посетуваат речиси 200 деца.
Општина Аеродром, како што додаваат од таму, е фокусирана на проширување на капацитетите и на подобрување на условите како во училиштата, така и во детските градинки. „Периодов интензивно се работи на капиталните проекти за доградба и надградба на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, како и на доградба и надградба на објектот „Изворче“ во Стар Аеродром во рамките на градинката Срничка“.