Македонија
Изборите ќе ги следат 7.830 набљудувачи
Предвремените парламентарни избори ќе ги следат 7.830 набљудувачи акредитирани во Државната изборна комисија, од кои 7.341 се домашни и 489 странски
Граѓанската асоцијација МОСТ има највеќе домашни набљудувачи – 4.466, а преостанатите се од уште шест други невладини организации.Од странските највеќе набљудувачи има ОБСЕ/ОДИХР (234), Парламентарното собрание на ОБСЕ има 47, Амбасадата на САД (39) а свои набљудувачи имаат и Советот на Европа, Европската комисија како и голем дел од странските амбасади во земјава.Мисијата на ОБСЕ е предводена од Џулијан Пил Јејтс. „Мисијата ќе ги оценува изборите од аспект на усогласеност со принципите за демократски изборни процеси, вклучувајќи ги и обврските преземени од страна на сите држави членки на ОБСЕ, како и националната законска регулатива“, појасни Јејтс по отворањето на набљудувачката мисија во Скопје.Изјава за прелиминарните наоди и заклучоци ОБСЕ ќе објави ден по изборите, а финалниот извештај за целиот изборен процес ќе биде објавен два месеца по завршувањето на набљудувачката мисија.Еден ден пред изборите, за првпат се гласаше и во дијаспората. Информациите за тоа колкава била излезноста на македонските иселеници на изборите, треба во текот на денешниот ден да ги соопшти Државната изборна комисија. За гласање се пријавија 7.258 македонски државјани кои бираа од 24-те кандидатски листи.Вчера правото на глас го остварија и лицата кои се во притвор, внатрешно раселените лица и болните и изнемоштените.Гласањето, кое започнува во седум часот утринава ќе трае до 19 часот. Право на глас имаат 1.821.122 гласачи кои на 2.976 избирачки места ќе можат да се изјаснат за 18 листи со 1679 кандидати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

