Македонија
Одѕив 53,86% до 17:00 часот (поопширно)
Одѕивот на гласачи до 17:00 часот изнесува 53,86%, односно вкупно гласале 928.983 гласачи, информираат од Државната изборна комисија.
Одѕивот на гласачи до 17:00 часот изнесува 53,86%, односно вкупно гласале 928.983 гласачи, информираат од Државната изборна комисија.
Во изборната единица еден до 17 часот на гласање излегле 57.77 отсто или 163.286 избирачи.
Во двојка гласале 155.233 гласачи или 49.69 отсто. Најголем одѕив има во изборната единица три, 61.23 отсто или 177.143 гласачи.
Во изборната единица четири излезноста е 58.50 отсто или 161.995 избирачи.
Од вкупниот број гласачи во изборната единица пет гласале 53.47 отсто или 155.398 гласачи, а во изборната единица шест 42.28 отсто односно 115.928 гласачи.
Излезноста е најголема во третата изборна единица, каде што излегле 61,23 отсто од гласачите, а најмала во шестата, 42,28%. И понатаму најголема излезност има во општина Демир Капија 74,72 отсто, а најмала во центар Жупа, 21.07 отсто од вкупниот број запишани гласачи во општините.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко информираше дека во текот на гласањето од општинските изборни комисии немаат добиено посериозни известувања за нарушување на изборниот процес. Тој го оцени изборниот процес како коректен, мирен и слободен.
ДИК го соопшти одѕивот на гласачите во дијаспората. Според првичните информации кои пристигнале од дипломатско конзуларните претставништва во изборната единица седум или Европа, од пријавените избирачи гласале 53.35 отсто, во изборната единица осум Америка и Канада 68.21 отсто и во изборната единица девет, Австралија одѕивот бил најголем, 77.82 отсто.
Ова се седми по ред парламентарни избори во независна Македонија на кои граѓаните избираат нов собраниски состав.
За првпат на овие избори гласа и дијаспората, па Собранието наместо сегашните 120 ќе има 123 пратеници. /крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците, бара СДСМ
„Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра“, велат од СДСМ.
„Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат. Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.
За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.
Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците, а кои ќе останат на страна на тендерите“, соопшти СДСМ.
Македонија
ЛДП: Европските либерали ја поддржуваат Македонија, ја поддржуваат демократијата и ја поддржуваат Либерално-демократската партија
Групата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ) во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур јасно и недвосмислено говореа и ја поддржаа одлуката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, оценувајќи дека земјата направила значителен демократски и институционален напредок, извести ЛДП.
„Ја поздравуваме одлуката за затворање на пост-мониторингот за Северна Македонија, тоа е резултат на долгорочни реформи и јасна европска ориентација, при што либералната политика и ЛДП имаат значајна улога во тој процес”, истакнаа од АЛДЕ.
„Оваа одлука претставува силно европско признание за патот по кој треба да се движи државата и јасен сигнал дека проевропските и либерални политики се исправниот избор за иднината на Северна Македонија.
Во своето обраќање, европските либерали нагласија дека Северна Македонија денес функционира како демократија во која, во најголем дел, се почитуваат основните човекови права и слободи, а соработката со Советот на Европа е стабилна и конструктивна.
Пратениците од АЛДЕ посебно истакнаа дека затворањето на пост-мониторингот не значи затворање на надзорот, туку почеток на нова фаза на демократска зрелост, отчетност и одговорност, во која владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата остануваат клучни приоритети.
Во овој контекст, европските либерали уште еднаш ја потврдија својата долгогодишна и принципиелна поддршка за Либерално-демократската партија (ЛДП) и за либералните вредности во Северна Македонија, кои континуирано претставуваат двигател на европските реформи, заштитата на човековите права и развојот на отворено и демократско општество.
Либералите во Европа потенцираа дека ЛДП останува нивен кредибилен партнер во Македонија и важен носител на либералната визија за слободно општество, силни институции, еднаквост и почитување на човечкото достоинство.
Посебно внимание беше посветено на заштитата на правата на малцинствата, вклучително и правата на маргинализираните групи, како и на обврската за целосна примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права, при што беше нагласено дека овие прашања се суштински дел од европската интеграција“, се наведува во соопштението на ЛДП.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

