Македонија
Црвенковски: Времето на СДСМ доаѓа
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и кандидатот за премиер Радмила Шеќеринска доцна вечерва му го честитаа изборниот резултат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и најавија дека ќе бидат силна и конструктивна опозиција во македонското собрание.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и кандидатот за премиер Радмила Шеќеринска доцна вечерва му го честитаа изборниот резултат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и најавија дека ќе бидат силна и конструктивна опозиција во македонското собрание.Црвенковски порача дека времето на СДСМ доаѓа.„Ако нè видовте што сè можевме да направиме со 18 пратеници, може да замислите што ќе може да направиме со 43 пратеници“, рече лидерот на социјалдемократите.Шеќеринска, пак од своја страна, победата на Груевски ја нарече „пирова“ и смета дека резултатите покажуваат дека гласачите бараат промени.„Овие резултати, овој голем број на македонски граѓани ни даваат мандат во Собранието да покажеме дека власта веќе нема да може да владее како досега. Власта веќе нема да може да биде единствен господар и да ги диктира условите“, рече Шеќеринска. Според пресметките на аналитичкиот центар на главниот изборен штаб на СДСМ, на територијата на целата земја партијата освоила 370 илјади гласови./крај/макфакс/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

