Македонија
Национален детски квиз за енергетска ефикасност

Националниот детски квиз за енергетска ефикасност, на кој ќе учествуваат победниците од трите регионални натпреварувања, ќе се одржи денеска во Скопје, информира ЕВН Македонија.
Националниот детски квиз за енергетска ефикасност, на кој ќе учествуваат победниците од трите регионални натпреварувања, ќе се одржи денеска во Скопје, информира ЕВН Македонија.Учениците од основните училишта „Благоја Кирков“ од Велес, „Кирил и Методиј“ од Св. Николе, „Гоце Делчев“ од с. Горобинци, како и учениците од „Јосип Броз Тито“ од Струга, „Владимир Полежиновски“ од Кичево, „Живко Чинго“ од с. Велгошти – Охрид, се изборија за учество во националниот детски квиз. Во финалето ќе учествуваат и учениците од основните училишта „Страшо Пинџур“ од Неготино, „ Браќа Миладиновци“ од Добрушево и „Кирил и Методиј“ од Кочани кои ги освоија првите три места на регионалниот квиз кој се одржа во Струмица. За победниците се подготвени многу награди, а тие заедно со нивните соученици ќе имаат можност да ја посетат ХЕЦ Матка. Во рамките на националниот квиз наградени ќе бидат и ученици кои учествуваат во литературниот и ликовниот конкурс отворен во текот на целата учебна година каде дечињата ни ги испраќаат своите литературни и ликовни творби на тема „Разумно користење на ел.енергија По посетата на 35 основни училишта во земјава, низ многу забава, дружења, награди и учење, на крајот на учебната година се заокружува и Училишниот проект на ЕВН Македонија.Акцијата организирана од ЕВН е со цел 4 650 ученици да научат како разумно да ја користат енергијата и своите знаења и искуства да ги пренесат меѓу соучениците. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар