Македонија
Јанкулоска: МВР успешно го обезбедуваше изборниот процес

Министерството за внатрешни работи (МВР) успешно ги реализираше своите обврски во делот на обезбедувањето на изборниот процес, изјави ресорната министерка Гордана Јанкулоска.
Министерството за внатрешни работи (МВР) успешно ги реализираше своите обврски во делот на обезбедувањето на изборниот процес, изјави ресорната министерка Гордана Јанкулоска.Таа истакна дека во текот на вчерашниот ден без никакви проблеми беше завршено обезбедувањето на гласањето, затворањето на избирачките места и пребројувањето на гласовите. “Овие избори од полициски аспект беа најдобрите досега без ниту еден посериозен инцидент и без ниту едно поголемо нарушување на јавниот ред и мир, а заслугата за тоа во голема мера им припаѓа и на политичките партии, но пред се на граѓаните“, оцени Јанкулоска.Таа информираше дека полицијата навремено постапуваше по сите пријави и предупредувања и дека биле превенирани сите потенцијални ризици и сценарија. „Би сакала да повторам дека ги имавме досега најдобрите избори кои целосно поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера. Граѓаните покажаа и докажаа дека се свесни и дека не подлегнуваат на никакви провокации и сценарија. Граѓаните покажаа и докажаа дека знаат да ја поддржат опцијата на која најмногу и веруваат, со целосен респект кон сите што мислат поинаку“, рече Јанкуловска. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар