Македонија
Бошкоска: Црно сценарио за апсење на Љубе

Сопругата на уапсениот Љубе Бошкоски, Виолета Бошкоска, видно вознемирена се појави пред ресторанот Воденица каде бараше одговори што се случило се нејзиниот сопруг.
Сопругата на уапсениот Љубе Бошкоски, Виолета Бошкоска, видно вознемирена се појави пред ресторанот Воденица каде бараше одговори што се случило се нејзиниот сопруг. Видно вознемирена, зборувајќи пред новинарите рече дека за апсењето на Љубе разбрала од синот, кој бил сведок на настанот. „Не може Љубе да биде уапсен, а во исто време власта да свикува прес-конференција. Тоа е нивно подготвено црно сценарио“, изјави Бошкоска.Запрашана дали знае дека станува збор за поткуп и наводна сума од неколку десетици илјади евра, Бошкоска рече дека „тоа се пари во нивните глави“.Како што дознава Макфакс, лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски е во полициска станица во Автокоманда, откако попладнево беше уапсен пред познатиот скопски ресторан Воденица, заради наводно примање поткуп.Непотврдени информации велат дека станува збор за сума од околу 50 илјади евра. Се очекува МВР да соопшти детали/крај./макфакс/мд/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар