Македонија
Љубе Бошкоски се бранел со молчење
Лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски синоќа пред Истражниот судија се бранел со молчење.
Лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски синоќа пред Истражниот судија се бранел со молчење.Како што изјави неговиот адвокат Љубомир Михајловски – Џанго, Бошкоски ќе ја даде својата одбрана кога ќе ги видат доказите, додека не ги видат нема да зборуваат.„Сега случајот е во фаза на изведување на докази“ вели Џанго.Бошкоски синоќа, на полноќ од Основниот суд 1 беше однесен во истражниот затвор во Шутка. Истражниот судија му одреди 30 дена притвор. Лидерот на Обединети за Македонија вчера околу 14:30 беше уапсен пред „Воденица“ под сомнение за незаконско финансирање на кампањата и за злоупотреба на службената положба, со оглед на тоа што е лидер на политичка партија./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

