Македонија
И УЈП ќе се вклучи во истрагата против лидерот на ОМ; Љубе Бошкоски
Од Манистерството за внатрешни работи (МВР) велат дека истражниот судија треба да одлучи за проширување на истрагата за случајот во кој лидерот на опзоициската Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски беше приведен и осомничен за нелегално финансирање на изброната кампања
До овој момент друго лице освен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски не е опфатено со кривичната пријава, велат од МВР иако на снимките од апсењето на Бошкоски се гледа уште едно лице, со лисици на рацете. За евентуално проширување на истрагата треба да одлучи Истражниот судија, велат од МВР.„Целокупните сознанија што ги имавме при оперативната обработка којашто беше отворена под името „Кампања“ беше насочена токму кон осомничениот, бидејќи сите сознанија водеа кон него. Пријава до овој момент е поднесена само против едно лице. Дали ќе има натамошно проширување на истрагата за „Кампања“ ќе одлучи истражниот судија. И инволвирањето на Управата за јавни приходи ќе зависи од истражниот судија. Ја информиравме Управата за јавни приходи (УЈП) и побравме да се вклучат во истрагата и да ги проверат и останатите извори на финансирање на политичката кампања“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски, кој не одговори директно дали другото лице било соработник на МВР.На новинарско прашање зошто Бошкоски бил следен два месеца, а кампањата траеше 20 дена. Котевски вели дека дел од парите кои биле собирани, биле собирани пред започнувањето на кампањата.„Ние и вчера кажавме дека постојат индиции, сомненија, сознанија околу незаконско финансирање на кампања. Дел од парите коишто биле собирани за водење на таа кампања се собирани, еден во случај пред почнување на кампањата, друг, пак, во случај во текот на кампањата, додека последниот случај што е реализиран, а за кој постојат сомненија и индиции дека се работи за пари кои се наменети за подмирување на долговите направен во текот на кампањата е реализиран вчера, ден по завршувањето на изборите“, вели Котевски.Бошкоски моментално се наоѓа во истражниот затвор во скопската населба Шуто Оризари, откако истражен судија во понеделникот навечер му одреди мерка од 30-денвен притвор. Тој се товари за незаконско финансирање на кампања и злоупотреба на службената должност,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

