Македонија
Новинари од Пинк 15 ја тужат телевизијата
Осуммина новинари денеска поднесоа тужби против Пинк 15 телевизија поради неисплатени плати и придонеси за три месеци. Освен финансиската штета новинарите кои што требаше да ги подготвуваат вестите на оваа телевизија, веќе шест месеци трпат и професионална штета.
Осуммина новинари денеска поднесоа тужби против Пинк 15 телевизија поради неисплатени плати и придонеси за три месеци. Освен финансиската штета новинарите кои што требаше да ги подготвуваат вестите на оваа телевизија, веќе шест месеци трпат и професионална штета. Новинарите најпрвин се обиделе да го решат проблемот внатре во редакцијата, штрајкувале го известиле Синдикатот на новинарите и медиумските работници кој разговарал со преставници на телевизијата, го известиле трудовиот инспекторат и до претпоставените од Пинк телевизија испратиле предупредување, односно опомена пред тужба. Откако ништо од ова не дало резултати, тие решија денеска до Основниот Суд Скопје 2 да поднесат тужби. За неисплаќањето на платите според кажувањето на новинарите добивале најразлични објаснувања. Претпоставените најпрвин се правдале дека нема плати и придонеси поради блокирана сметка од вработени кои што го тужеле претходниот сопственик на телевизијата. Второто оправдување била здравствената состојба на сопственикот на телевизијата, Жељко Митровиќ, за потоа едноставно да им кажат дека пари нема.„Сите ние работевме во други медиуми, имавме сигурни работни места, за да дојдеме на друго работно место каде ни беа ветувани многу работи, но од тоа не се исполни ништо. Сметам дека можеби најголем дел од нас во овој момент и во блиска иднина нема да најдат постојано вработување“, изрази новинарот Александар Методиев. Но покрај финансиската, новинарите тврдат дека претрпеле и професионална штета.„Веќе шест месеци не нема на екраните, ги губиме изворите, не бришат од „мејлинг“ листите“, вели новинарката Душица Мрѓа.„Оваа не е изолиран случај, постојат многу вакви случаеви, не само во медиумскиот сектор туку и во другите сектори во општеството“, вели презентерот Александар Ивановски. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со овој случај официјално ја започна синдикалната борба. На овие новинари како и на други членови на синдикатот им е обезбедена бесплатна правна заштита.„Овој период додека го застапувам синдикатот фрапирана сум од степенот на кршење на работничките права во оваа професија“, изјави Наталија Миленкова адвокат од самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници.
Макфакс го контактираше прокуристот во пинк 15, Јелена Павлов, но ни соопшти дека не е овластена да дава изјави, доколку телевизјата проценела дека треба да даде изјава за овој случај пи ар тимот на Пинк ќе испрателе иформација до медиумите.Пинк телевизија ја купи телевизијата К15 во ноември 2010 година. крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

