Македонија
ДКСК: СРД навлегува во нашите надлежности
Антикорупциска комисија смета дека Советот за радиодифузија во своја полза го толкува Законот за спречување на корупција несакајќи да се соочи со фактот оти треба да биде во можност да го спроведе законодавството
„СРД на 18 мај, значи во веќе започната изборна кампања, достави барање за позитивно мислење за повеќе десетици нови вработувања и за финансиска поддршка од Буџетот на РМ за набавка на опрема за следење на изборната кампања, потреби кои не се утврдени во Годишна програма на Советот за тековната година, ниту се планирани во Буџетот, па оттаму и се работи за вонредни исплати и набавки кои во време на распишани избори се забранети“, рече претседателот на Антикорупциска комисија, Воислав Зафировски. СРД, како што посочи тој, упорно одбива да го прифати ваквото мислење на ДКСК, низ повеќекратна преписка и самоповикано влегува во надлежностите на ДКСК.„СРД во своја полза го толкува Законот за спречување на корупцијата, притоа несакајќи да се соочи со битниот факт дека: уште во февруари од Европската комисија на Советот му било предочено во однос на предвремените избори дека ’треба да биде во можност да го спроведе законодавството и за да функционира правилно да добие средства и финансиска помош од Владата’“, додаде Зафировски.ДКСК и во втората фаза од разгледувањето на финансиските извештаи на партиите за изборните кампањи констатираше ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и ПОДЕМ имаат потрошено повеќе средства од сметката, од оние што ги имаат обезбедено со приливите.Од вкупно 18 организатори на изборната кампања, финансиски извештај доставија 14, додека партиите СДПМ, ОМ, НДУ и ПДП, до денеска, немаат доставено финансиски извештај.Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) информираше дека ДУИ, од донации обезбедила вкупно 4.251.000 а потрошила 7.316.920 денари, во ДПА, од донации обезбедиле 669.000 а потрошиле 2.735.368 денари, ПОДЕМ од донации обезбедиле 79.000 а потрошиле 121.000 и коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, од донации обезбедила 31.930.000, а потрошени се 272.256.168 денар.„Овие констатации нудат можност за анализи кои ќе ги направиме по добивањето на финалниот финансиски извештај, но генерално треба да се има предвид дека завршниот извештај треба да го достават по 15 дена од завршувањето на изборите, што значи жиро сметката е отворена во тој период и можни се промени на приходната и расходната страна“, рече Зафировски.ДКСК, презема соодветни мерки за санкционирање на ДУА, од која до денеска, како што информираше Зафировски, немаат добиено известување дали во Буџетот се вратени оние 160.000 денари, кои беа пријавени како донација, а согласно Изборниот законик го надминуваа дозволениот лимит од 5.000 евра.Комисијата побарала дополнителни информации за кредитот со кој организаторот на коалицијата предводена од СДСМ ја финансира изборната кампања, а е пријавен во рубриката донација, со цел да се констатира со колкав износ кредиторот, во случајов Комерцијална банка АД Скопје, ја донира изборната кампања на коалицијата предводена од СДСМ.„Од Комерцијална банка А.Д. Скопје демантираа дека станува збор за каква и да е донација, што упатува на тоа дека податокот презентиран од страна на организаторот на кампањата е неточен. На тоа се надоврза и СРД, кои ги објавија податоците за минутажата на платено политичко рекламирање за првата половина од кампањата. Тие податоци покажуваа многу поразлична слика од онаа прикажаната во првичниот извештај и различна од онаа прикажана во демантот на Комерцијална Банка А. Д. Скопје. Така што ова прашање за Државната комисија за спречување на корупцијата не е затворено“, образложи Зафировски.ДКСК од сите партии побарала банкарски изводи, за дополнително утврдување на финансиската состојба за време на кампањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

