Македонија
ТВ Пинк 15 тврди дека започнала исплатата на вработените
Исплатата на заостанатиот личен доход на вработените во ТВ Пинк 15 започна од минатата недела и, како што е најавено, ќе продолжи во наредниот период.
Исплатата на заостанатиот личен доход на вработените во ТВ Пинк 15 започна од минатата недела и, како што е најавено, ќе продолжи во наредниот период.Ова се наведува во писмената реакција на ТВ Пинк 15, по информациите дека осуммина новинари денеска поднесоа тужби против телевизијата поради неисплатени плати и придонеси за три месеци. „Пинк 15 во Македонија ќе продолжи да функционира во текот на летото, а од септември ќе се почне со нова програмска шема, која ќе биде пријатно изненадување за сите гледачи во Македонија“, стои во соопштението.Притоа се истакнува дека тужбата ја поднеле само осуммина од вкупно 60 вработени, а се наведува дека досега никој не добил отказ, туку дека на дел од новинарите не им бил продолжен договорот, заради непрофесионалност и отсуство од работа.Од ТВ Пинк 15 признаваат дека дошло до одреден застој во исплатата на личните доходи и нареализација на планираните проекти, што се оправдува со нарушеното здравје на сопственикот на компанијата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

