Македонија
ЕУ не го суспендираше безвизниот режим за Македонија и Србија
Министерскиот Совет на ЕУ за внатрешни работи и правда во Луксембург не донесе одлука за суспензија на безвизниот режим за Македонија и Србија
„Ние не предвидовме суспензија на (безвизниот режим). Механизмот за суспензија беше разгледуван денеска, но не во овој контекст. Суспензијата ќе се прави во специфични услови, утврдени од Комисијата, што ќе се најде во законодавството за визите, како заштитна клаузула“, нагласи европската комесарка за внатрешни работи Сесилиа Малмстром, јави Дојче веле.Имено според документот на Европската комисија, разгледуван во Луксембург, за враќање на визите може да одлучи во три случаи: ако во период од шест месеци, една земја на ЕУ констатира зголемување од 50 проценти на баратели од азил, или пак зголемување за 50 проценти на илегалци или пак 50 насто повеќе реадмисии за една иста земја.Малмстром пред новинарите нагласи дека за случајот на Македонија и Србија денеска се водеше долга дискусија на Советот за внатрешни работи и правда на ЕУ овде во Луксембург. „Јасно е дека постои вистински напредок постигнат од овие земји во повеќе погледи, но сепак сè уште постојат огромен број на баратели на азил кои доаѓаат посебно од Поранешната југословенска република Македонија и од Србија. Некои земји изразија загриженост и за ова прашање ќе расправаме и за време на полското претседателство со ЕУ“, рече Малмстром.Таа притоа појасни дека помалку од 1 отстоод поднесените барања се прифатени од земјите членки на ЕУ, инсистирајќи на фактот дека најголемиот број од барателите доаѓаат од ромската заедница, кои живеат во многу тешки животни услови, кои треба да бидат подобрени но тоа не се прави преку ноќ. „За таа цел се потребни ангажирања на земјите во кои живеат преку информативни кампањи и конкретни акции“, рече еврокомесарката, пренесува Дојче веле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

