Македонија
Промовиран проектот за поддршка за Дирекцијата за заштита на личните податоци

Вкупно 600.000 евра Европската Унија ќе одвои во рок од 18 месеци за зајакнување на капацитетите на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Вкупно 600.000 евра Европската Унија ќе одвои во рок од 18 месеци за зајакнување на капацитетите на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Целта на проектот е зајакнување на оперативните капацитети на Дирекцијата, усогласување на македонското со европското законодавство, како и јакнење на јавната свест за правото на заштита на личните податоци.„Веруваме дека проектот ќе биде практична и сеопфатна поддршка за Дирекцијата за заштита на лични податоци. На тој начин, веруваме дека со нашиот придонес ќе и овозможи на Дирекцијата заштита на лични податоци да биде подготвена и целосно оперативна за следниот чекор на интегративниот процес“, изјави евроамбасадорот Петер Соренсен.„Проектот ќе овозможи натамошно зајакнување на капацитетите на Дирекцијата за заштита на личните податоци, натамошно надградување на компјутерската инфраструктура во оваа институција, како и креирање на висока јавна свест за суштината на заштитата на личните податоци како едно од основните човекови права“, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски.Средствата за проектот се од Инструментот за претпристапна помош за 2008-ма година. “Сегашната поставеност на дирекцијата ни дава за право да се надеваме дека оваа поддршка е дојдена во вистинско време. Значи, преку користењето на ИПА за 2008 година, Дирекцијата ќе го заокружи процесот на зајакнување на капацитетите, од една страна, но и имплементација на новите технички напредни решенија кои што, во смисла на компаративни искуства ги користиме од земјите-членки на Европската Унија“, рече Димитар Ѓеорѓиевски, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци на денешната презентација на проектот.Предвидено е проектот да се реализира за вкупно 18 месеци, почнувајќи од јануари 2011 до јуни 2012-та година. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите.
Претходно поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се прошири над магистралниот пат, сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, а во прекин беше за товарните моторни возила.
МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила беше пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен беше посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин беше пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.