Контакт

Македонија

Матурантите денеска полагаат матура

Објавено пред

Матурантите, денеска и во четврток, ќе ги полагаат екстерните предмети од државната матура, а според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), годинава има 36.474 пријави за испит.

Матурантите, денеска и во четврток, ќе ги полагаат екстерните предмети од државната матура, а според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), годинава има 36.474 пријави за испит.Тие денеска ќе го полагаат првиот и задолжителен екстерен предмет – мајчин јазик и литература, за кој се пријавени вкупно 18.184 матуранти, од кои за тестот по македонски јазик 12.771, за албански јазик 5.063 и за турски јазик 350 матуранти.За полагањето во четврток на вториот екстерен предмет, кој е изборен (математика или странски јазик), се пријавиле 18.190 кандидати. Тестирањето ќе го следат 1.830 наставници што ќе бидат распоредени во училниците каде што ќе се полага државната матура. Ангажирани се преку 300 оценувачи и 200 набљудувачи од Министерството за образование и наука, Министерството за информатичко општество и администрација, Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука и од Државниот управен инспекторат.Прелиминарните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 13 јули./крај/диц/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Спасовски во Куманово: Покажавме дека знаеме да реализираме програми

Објавено пред

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и премиер, вечерва се обрати во Куманово, заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче и кандидатот за пратеник од ИЕ 2 и претседател на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, на завршната граѓанска трбина пред предизборниот молк на полнок, за предвремените парламентарни избори во среда, на 15 јули.

„Стоевте на страната на правдата, вистината и прогресот. Куманово ја започна битката против фашизмот, за независна Македонија, ја започна и битката против режимот. Пред само три години државата беше на работ на граѓанска војна, само да се спасат криминалците на ВМРО-ДПМНЕ. Посегнаа по највисокиот Законодавен дом – Собранието и сакаа да убијат пратеници за да се спасат. Имавме заробена држава. По само три години власт зборуваме за Македонија 30-та земја членка на НАТО и е пред почеток на преговори со ЕУ, денска Македнија успешно гради Едно општество со грижа за сите.

Не калкулиравме со нашиот рејтинг туку како да направиме напредок за државата. Покажавме дека можеме, но и дека знаеме да реализираме програми. Не сакаме режим и мрачни сили во државата, напредок и прогрес сакаме“, порача Спасовски во Куманово.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанушев: Нашиот аманет е враќање на македонското национално достоинство

Објавено пред

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 Игор Јанушев ги запраша членовите на СДСМ и неговиот против кандидат Љупчо Николовски, дали барем малку мислеле и дали барем малку им било непријатно кога ги правеле сите злодела и кога ги распродавале државните, македонските, националните интереси.

„Го слушам оној мој противник како бил навреден бидејќи народот ги нарекувале северџани. Воопшто не запрашувајќи се колку пак тие го понижија и омаловажија македонскиот народ. Затоа ви даваме збор драги пријатели, аманет за нас, дека во следните четири години ќе работиме интензивно и напорно да го вратиме македонското национално достоинство. Македонецот да биде човек, граѓанин на оваа држава со високо подигната глава и исправена кичма“, порача Јанушев.

„Тие може само да бараат по едно евро за тате и бате, да крадат, да го окупираат судството и обвинителството, да не направат ништо за вас граѓаните, да палат автомобили. Затоа сите обединети онака референдумски да излеземе на 15-ти јули и рано сабајле во среда и да го заокружиме бројот 14, за 14 пратеника во изборната единица 3. Да сте здрави и живи и да ни е вечна Република Македонија“, заврши Јанушев.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Не се каеме за соработката со СДСМ и се надеваме дека ќе ја продолжиме

Објавено пред

Демократската Унија за Интеграција изрази жалење за коментарите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој денеска упати остри критики за дел од кадарот на ДУИ. Од партијата на Али Ахмети, сепак, посочуваат дека не се каат за соработката со Социјалдемократите и се надеваат дека ќе ја продолжат и по изборите в среда.

„Демократската Унија за Интеграција не се кае за коалицијата со СДСМ во 2016 година, на локалните избори 2017 година, за референдумот во 2018 година и на Претседателските Избори 2019 година. Напротив, сметаме дека нашата соработка и го промени името на земјата, го промени Уставот, го заокружи договорот со Грција и Бујарија како и нормативниот дел од Охридскиот мировен Договор заедно со реформите во безбедносниот систем, администрацијата и судството, затоа и не се каеме што ја започнавме коалицијата во 2016 година со поразената партија во многу специфични околности.

Нашата соработка за време на локалните избори донесе убедлива победа за СДСМ во Скопје, Куманово, Велес, Битола, Охрид и во многу други општини и ние не се каеме што му помогневме на Социјал Демократкиот Сојуз.

Исто така не се каеме затоа што имавме заедничка кампања за Референдумот за промена на името, а ниту за тоа што не дозволивме одржување на предвремени парламентарни избори по референдумот, но инсистиравме на пронаоѓање на минимум 8 пратеници за промена на Уставот, и тоа го направивме.

Исто така, последните Претседателски избори беа победа за нашиот концепт за консензуалност затоа што се покажа дека партиски кандидат за Претседател не победува, но кога е консензуален тој или таа победува.

Демократската Унија за Интеграција посакува успех за Социјал Демократскиот Сојуз на овие избори и се надеваме дека нашата успешна соработка ќе ја пролжиме и после изборите на 15 јули“, велат од ДУИ преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ3 часа

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија3 часа

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет6 часа

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ9 часа

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион9 часа

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ9 часа

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет10 часа

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет10 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет10 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија11 час

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион23 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија1 ден

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија1 ден

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ1 ден

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион1 ден

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија1 ден

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион1 ден

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија1 ден

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Досие