Македонија
Случај „Пајажина“:Обвинетата Џемаили не можела да го следи судењето
Обвинетата Ѓултен Џемаили за која што адвокатите и претходно кажуваа дека не се чувствува добро, откако судијката ги прочита правата на обвинетите, Џемаили се изјасни дека ништо не разбрала и дека не може да го следи судењето.
Обвинетата Ѓултен Џемаили за која што адвокатите и претходно кажуваа дека не се чувствува добро, откако судијката ги прочита правата на обвинетите, Џемаили се изјасни дека ништо не разбрала и дека не може да го следи судењето.
Обвинетиот Велија Рамковски стана и се обрати на судијката со зборовите „Ѓултен спие, таа не може да ја крене главата“, по што судијката ја повика Ѓултен и почна да ја прашува за нејзината здравствена состојба.
„Во главата ми зуи, не ми е паметта тука, чувствувам гушење кај тироидната жлезда“, рече Џемаили.
Ваквите симптоми ги чувствувала откако била во притвор. И кога доаѓала да ги разгледува списите, некогаш се чувствувала добро, но некогаш не. Пред истражниот судија не се сеќавала зошто не дала исказ. Нејзиниот адвокат Мирослав Вујиќ рече дека пред истражен судија не дала исказ бидејќи не и биле презентирани доказите.
Судскиот совет даде 15 минути пауза по која ќе се произнесе во врска со ова.
Претходно адвокатот Вујиќ предложи Ѓултен Џемаили да биде прегледана од страна на стручни лица и за еден час судот да има јасна слика дали обвинетата може да продолжи со следење на главниот претрес. Меѓутоа судијката го одби овој предлог, со образложение дека бил идентичен со вчерашниот предлог.
Исто како и вчера, се повтори расправијата меѓу судијката и адвокатот Мирослав Вујиќ. Тој побара да се издвојат транскриптите од списите нас предметот, кои што не биле на кирилично писмо и исто така побара да се уништат видео материјалите во кои што бил прикажан тој и неговата колешка Луиза Спаиќ, со образложение дека можат да му наштетат нему со оглед на местото и убавото друштво со кое што бил.
Судијката рече дека за ова ќе се изјаснат во доказната постапка и дека неговите предлози се идентични со вчерашните предлози и му рече неколку пати да седне и да го почитува редот и мирот во судницата оти повторно ќе биде исклучен.
„Да не ми се заканувате за правата што не ми ги дадовте вие и министерот за правда, туку ми ги даде Законот за кривична постапка. Нема да дозволат сам да се правам будала, а уште помалку вие да ме правите. Немојте да ги извртувате моите зборови“, рече Вујиќ.
Ќерката на Рамковски, Лејла која претходно беше отстранета од судницата, по молбите на адвокатот и Рамковски повторно беше внесена во судницата за да го следи судењето.
/следува продолжение/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

