Македонија
Наумовски на средби со преставници на ЕУ во Брисел

Севкупната интеграција на Македонија во Европската Унија, напредокот како и превземените активности беа во фокусот на разговорите на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски со високи преставници на Европската Унија, одржани денеска во Брисел.
Севкупната интеграција на Македонија во Европската Унија, напредокот како и превземените активности пред објавувањето на годинешниот извештај за напредокот на земјата беа во фокусот на разговорите на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски со високи преставници на Европската Унија, одржани денеска во Брисел.Наумовски на средбите со новиот известувач за Македонија, Ричард Ховит, ко претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет, Јоргос Шацимаркакис, првиот човек задолжен за проширување на администрацијата на ЕК, Стефано Санино, претседавачот на групата на пријатели на Македонија Мартин Кастлер и со европратеникот Едуард Кукан било констатирано дека првиот политички дијалог меѓу земјата и унијата треба да се случи веднаш по формирањето на новата влада.“Владата на Република Македонија веќе го испрати својот годишен извештај за придонесот и за активностите што досега се завршени, како и за нашите планови кои ќе се реализираат до моментот на објавување на извештајот“, рече вицепремиерот Наумовски при денешниот престој во Брисел. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба телесно ја повредил својата сопруга.
Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни, тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, и се доближил држејќи чадор во раката и започнал агресивно да ја навредува.
Откако жртвата се повлекла кон дневната соба тој започнал да ја влече, и задал удар со чадорот по главата и таа паднала на под.
Во тој момент обвинетиот започнал да ја дави и продолжил да ја удира со чадорот по целото цело, а таа обидувајќи се да се оттргне од него, повредена се влечела по подот до ходникот.
Се доближила до влезната врата од куќата која била отворена, по што успеала да излезе надвор и да повика полиција.
Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај се уште постојат основите поради кои првично беше определена мерка притвор, па побара притворската мерка за обвинетиот да биде продолжена.
Македонија
Без струја делови од скопски Карпош и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска (петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улица Алжирска. (Општина Карпош)
· од 11:00 до 14:00 часот, дел корисниците од Новоселски Пат во околината на ОУ Тихомир Милошевски. (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( петок ) поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.30 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе има за корисниците од нас.Трубарево од 09:00 часот до завршување на приклучокот (општина Гази Баба)