Македонија
МВР: СДСМ некрофилски поентира на случај кој е веќе во судска постапка
Во однос на политичките барања на СДСМ кои соодветствуваат со барањата на граѓаните кои протестираат, од Министерството за внатрешни работи велат дека веќе одговориле по истите.
Во однос на политичките барања на СДСМ кои соодветствуваат со барањата на граѓаните кои протестираат, од Министерството за внатрешни работи велат дека веќе одговориле по истите.
„СДСМ уште еднаш покажа дека нема ниту грам почит кон туѓата трагедија, некрофилски обидувајќи се да поентира на случајот кој веќе е во судска постапка. Токму расчистувањето на целиот случај за помалку од 24 часа, откако е добиено известувањето за причините за смртта од Институтот за судска медицина, го покажува лицемерието со кое СДСМ повторно ги потценува граѓаните кои јасно и кажаа не на таквата политика“, се наведува во реакцијата на МВР, по барањето на СДСМ Јавниот обвинител да поднесе кривични пријави против министерката Гордана јанкуловска и портпаролот Иво Котевски.
Тие додаваат дека токму лоцирањето на одговорноста и процесуирањето на случајот за неполни 24 часа, ја покажува разликата помеѓу сегашното постапување на МВР и начинот на работење до 2006 година.
„За разлика од изведувањето на осомничениот за убиството на Мартин Нешковски пред судот, солзите на Езерџан Бекиров (татко на малиот Трајан Бекиров) во јуни 2006 година не само што не беа доволни да се процесира пријава, туку крајно игнорантски СДСМ не отвори ниту истрага за случајот.
За разлика од изречениот притвор за осомничениот за убиството на Мартин Нешковски, молбите и тагата на роднините на убиениот Диме Ицковски-Поштар, исто така не беа доволни за отворање на истрага и покрај јавно искажаните негови стравови дека ќе биде ликвидиран“, велат од МВР во реакцијата.
Тие потсетуваат и на полициската акција во селото Раковец во јуни 2003 година, за која велат останаа новинарските написи „бремената Асије Скендери (26) загина во пресметка на полиција со вооружена банда, кога полицијата не успеа да го уапси Саид Рушити“./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

