Македонија
Двајца крадци во четири кражби земале над 6.000 евра
Притворени се триесет и двегодишна жена и дваесет и тригодишно момче од Скопје под сомнение дека во текот на месецов извршиле четири кражби од кои три во скопската населба Гази Баба, а пленот изнесувал над 6.000 евра, соопшти денеска МВР.
Како што информираат од МВР, првата тешка кражба жената ја извршила сама на 4.јуни во куќа на нејзин роднина во скопската населба Гази Баба, при што одзела девизи и денари во вредност од околу 450 евра. По кражбата се упатила кон населбата Маџари, каде со второпријавеното момче, парите ги потрошиле, а паричникот со документите го запалила.
Втората тешка кражба пријавените ја извршиле заедно, ноќта на 10-ти спрема 11 јуни, повторно во куќа во населбата Гази Баба, но лоцирана на друга улица. Од овде одзеле пари и четири мобилни телефони, во вредност од 100.000 денари, еден лаптоп и две женски ташни.
На 9. јуни во селото Трубарево, двоецот по исто сценарио како и во претходната кражба одзеле девизи, мобилни телефони, паричник сè во вредност од околу 210.000 денари.
Последната кражба ја извршиле на 12. јуни во куќа лоцирана повторно во скопската населба Гази Баба, на улицата “Франц Лист“, при што одзеле два лаптопа и една женска ташна во која имало два мобилни телефони, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 62.000 денари.
Од страна на Истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во времетраење од по 15 дена./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

