Македонија
Антикорупциска ќе разгледа случајот со А1, СДСМ и СРД

Комисијата за спречување на корупцијата ќе го разгледа случајот во врска со договорот за цесија преку кој Социјалдемократскиот сојуз го платил долгот што го имала телевизијата А1 кон Советот за радиодифузија.
Комисијата за спречување на корупцијата ќе го разгледа случајот во врска со договорот за цесија преку кој Социјалдемократскиот сојуз го платил долгот што го имала телевизијата А1 кон Советот за радиодифузија.„ДКСК како и сите други наводи ќе го разгледа и овој навод објавен во медиумите. Во принцип финансирањето и работењето на е медиумите, па дури и купувањето на концесија не е од наша надлежност. Можеби од наш интерес ќе биде да испитаме дали е ова вистина, дали навистина СДСМ ги уплаќала парите за концесија на А1 и која е врската на рекламирањето на СДСМ во време на избори , од аспект на материјалното-финансиско работење на СДСМ и финансирањето на концесијата на А1“ изјави Илми Селами, член и поранешен претседател на ДКСК за Макфакс.Управата за јавни приходи е запознаена со случајот и ја разгледува документацијата.“Запознаени сме со случајот и документација и истите се разгледуваат од страна на надлежните служби на УЈП кои работеле истовремено и на случајот на А1 телевизија“ вели Весна Новаковиќ, портпарол на Управата за јавни приходи.Од министерството за внатрешни работи велат дека УЈП го документира случајот и дека доколку имаат потреба, МВР им стои на располагање за евентуално поднесување на кривична или прекршочна пријава. Дали е утврдена одговорност засега кај некојОд СДСМ велат дека партијата согласно сите законски прописи ги подмирила своите обврски кон А1 телевизија исто како што ги платила своите обврски кон сите други печатени и електронски медиуми. „Во овој случај е искористен инструментот во платниот промет, т.н. цесија, кој повторно го воведе во сила, токму Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до СДСМ, работата е кристално чиста. Режимско- партиските мегафони на власта, за да не излезат смешни пред јавноста, требаше да сочекаат и да видат дека СДСМ во својот финансиски извештај ја има доставено до надлежните државни институции: Државна изборна комисија, Државна комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија, во законски определениот рок, целокупната документација поврзана со изборната кампања на СДСМ, вклучително и документацијата со која што вчера мафтаа по медиумите“ се вели во соопштението на СДСМ.Од А1 телевизија велат дека во ова нема ништо спорно. „Тоа е редовна постапка за плаќање со цесија. И други фирми ни плаќаат така. Ние така функционираме пет месеци не само со СДСМ туку и со други фирми. УЈП дозволува да си поделиме плати по пат на цесија. Тоа е механизам што државата ни го овозможува во време на замрзната сметка“ е ставот на A1.Вчера дел од медиумите објавија дека Социјалдемокартскиот сојуз преку договор за цесија ја плати концесијата на А1 телевизија во советот за радиодифузија. Претседателот на Советот за радиодифузија рече дека тоа била леглана форма за плаќање, кога на фирмата и е блокирана сметката. Трите страни склучиле договор за цесија на 25 Мај. Два дена по изборите, на 7 јуни, Социјалдемократите ги уплатиле 40 -те илјади евра на Советот за радиодифузија. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Мицкоски е скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава заложник на туѓи интереси, кажа претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево.
Тој рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.
„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.
Тој обвини дека Мицкоски со новите задолжувања направил вистинско предавство на интересите на државата.
„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.
Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче рече дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.
Македонија
(Видео) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање рече дека кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон.
„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.
Оценувајќи ги меѓупартиските релации, тој во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.
„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.
Македонија
Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок, најави премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.
„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.
Тој истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.
„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.