Македонија
ИЦГО: Предизвик се преостанатите бегалци од Косово

Предизвик се преостанатите бегалци од Косово, кои беа крајно запоставени од државата до сега, но и случаите на незаконско протерување на баратели на азил во земји во кои им се заканува смрт.
Предизвик се преостанатите бегалци од Косово, кои беа крајно запоставени од државата до сега, но и случаите на незаконско протерување на баратели на азил во земји во кои им се заканува смрт.Ова се наведува во соопштението на Истражувачкиот центар за граѓанско општество (ИЦГО) од Скопје, по повод 20 јуни – Светскиот ден на бегалците.Од центарот посочуваат дека се обраќаат до јавноста со цел да ја потсетат на важноста на овој ден, како заради самите бегалци на кои, како што истакнуваат, како никогаш досега им е потребна помош и солидарност, така и заради фактот што исполнувањето на законските и други критериуми во Република Македонија, кои произлегуваат од меѓународното право за човекови права, како и од обврските што земјава како кандидат за членство ги презеде од ЕУ, придонесе во значајна мерка за добивањето на визната либерализација за граѓаните на земјава.„Само во последниве шест месеци, околу 1,500 луѓе го загубија животот обидувајќи се да се спасат од прогон, војни и тоталитарни режими. Македонија е исто така на рутата на овие текови и сè повеќе ќе се соочува со предизвиците на бегалските бранови. Но таа треба да се соочи и со сопствените слабости во примената на бегалското право, со повремената злоупотреба на тоа право, но и со растечкиот тренд на трговија и транзит со мигранти во кои понекогаш се вмешани и лица вработени во институциите на системот“, се вели во соопштението.Сите овие предизвици, како што додаваат од Центарот, бараат посветеност, стручна работа, целосно разбирање на светските текови во оваа област и особено стратешка ориентација на оние кои треба да ја водат Македонија кон сигурните води на НАТО И ЕУ, како земја во која владеењето на правото е врвниот приоритет. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите.
Претходно поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се прошири над магистралниот пат, сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, а во прекин беше за товарните моторни возила.
МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила беше пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен беше посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин беше пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.