Македонија
Меѓународна конференција за Охридскиот рамковен договор
По повод јубилејот од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор денеска и утре ќе се одржи меѓународна конференција “Кон членството на Македонија во Европската Унија и НАТО“.
По повод јубилејот од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор денеска и утре ќе се одржи меѓународна конференција “Кон членството на Македонија во Европската Унија и НАТО“.На конференцијата ќе се обрати американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер, како и повеќе истакнати говорници од Македонија и од регионот, претставници на меѓународната заедница.На конференцијата предвидено е да се дискутира за прогресот што Македонија го има постигнато од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, како и за предизвиците со кои земјата се соочува на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ.Дводневната конференција, спонзорирана од Програмата за мир и права на Универзитетот Колумбија, од Правниот и од Филозофскиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ), Универзитетот на Југо-Источна Европа (УЈИЕ), и Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ), ќе се одржи на денеска во кампусот на УЈИЕ во Тетово и утре на УКИМ. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

