Македонија
Охридскиот договор – гарант за добрата иднина на Македонија
Охридскиот договор е рамка која обезбедува мир и стабилност на Македонија и нејзина интеграција во Европската унија и НАТО, беше порачано на Меѓународната конференција за охридскиот рамковен договор: Кон членството на Македонија во Европската унија и НАТО, која денеска почна во Тетово.
Охридскиот договор е рамка која обезбедува мир и стабилност на Македонија и нејзина интеграција во Европската унија и НАТО, беше порачано на Меѓународната конференција за охридскиот рамковен договор: Кон членството на Македонија во Европската унија и НАТО, која денеска почна во Тетово.За учесниците на конференцијата, Охридскиот рамковен договор е успех на заедничката дипломатија на САД и на ЕУ, која донела мир во Македонија, спречила крвава граѓанска војна и го трасирала патот на државата кон евроатлантските структури. “Имплементацијата на Охридскиот рамковен договор е процес кој е витален за иднината на земјата. Тој е клуч за евроатлантската интеграција на Македонија, која е примарната политичка цел на сите политички партии и речиси на целата популација без разлика на партиска, религиозна или етничка припадност“, рече американскиот амбасадор Филип Рикер, кој оддаде почит за улогата на поранешниот претседател Борис Трајковски во постигнувањето на договорот. Според унгарскиот амбасадор Ференц Кекеши, Охридскиот договор помогнал за одржување на мирот и внатрешната кохезија во земјата и Македонија ја направи земја извозник на мир. “Лично сум убеден дека Охридскиот договор ја прави Македонија стабилен партнер за во ЕУ“, рече Кекеши. На конференцијата свое обраќање имаа и дел од потписниците на рамковниот договор, екс претседателот Бранко Црвенковски и екс премиерот Љубчо Георгиевски, како и тогашниот лидер на ОНА, Али Ахмети. Според поранешниот премиерот Георгиевски, воопшто не биле спорни остварувањата на правата на етничките албанци во Македонија, но 10 години по воениот конфликт смета дека тој бил излишен и непотребен, додавајќи дека тогашната влада во голема мера започнала да ги исполнува правата на етничките албанци и поради тоа смета дека тие можеле да се остварат и без започнување на конфликт. Георгиевски смета дека речиси поголемиот дел од Рамковниот договор е имплементиран и поради тоа сите нови барања што во иднина би произлегле не треба да се поврзуваат со овој документ. “Од сега натаму треба да се говори за Устав на Македонија во кој се имплементирани најголемиот дел од одредбите од Охридскиот договор. Новиот корпус барања што би произлегле во актуелната политичка ситуација не треба да се врзуваат со Охридскиот договор“, рече екс премиерот Георгиевски, кој порача дека Македонија треба да го зададе финалниот удар со интеграција во ЕУ и НАТО“. Лидерот на ДУИ Али Ахмети како тогашен лидер на ОНА посочи дека оваа организација имала конкретни барања чија цел биле обезбедување рамноправност за сите граѓани во државата. “Нашите барања беа јавни и содржани во коминикето број 6. Баравме целосна рамноправност. Ова е и наша држава и нема компромис со тоа. Македонија подеднакво припаѓа и на Бранко Црвенковски и на Љубчо Георгиевски и на мене “, рече Ахмети. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, пак, порача дека без целосна интеграција на земјата во ЕУ и НАТО може да дојде до загрозување на меѓуетничките односи, а не е исклучено и загрозување на веќе постигнатите придобивки од Охридскиот рамковен договор. Тој порача дека во Македонија треба да се работи на проекти што обединуваат, а не на такви што разделуваат. “Во Македонија треба да се постираат проекти што не обединуваат, а не што не раздвојуваат. Проекти како Скопје 2014 не разделуваат, а проектот за интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО не обединува. Што поблиску сме до Брисел, толку повеќе сме внатрешно интегрирани“, рече Црвенковски. Како куриозитет, на денешната конференција еден до друг седнаа екс премиерот Љубчо Георгиевски и лидерот на некогашната ОНА Али Ахмети кои беа двете спротиставени страни во конфликтот во 2001 година.Амбасадорот Рикер тоа го прокоментира на духовит начин и побара фотографија за спомен од ова случување./крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

