Контакт

Македонија

Денеска започнува летото

Објавено пред

Денеска во 19:16 часот по средноевропско време на северната Земјина полутопка ќе започне летото.

dobivaj vesti na viber

Денеска во 19:16 часот по средноевропско време на северната Земјина полутопка ќе започне летото. Денешниот ден воедно ќе биде најдолгиот ден во годината. Летото, најдолгото годишно време, оваа година ќе трае 93 дена, 15 часа и 49 минути. Летото ќе заврши на 23 септември во 11:05 часот кога ќе започне есента.  крај/макфакс/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Љутков во Мадрид на средба со генералната секретарка на Светската туристичка организација

Објавено пред

Од

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, вчера во Мадрид оствари средба со Шаика ал Новаис, генерална секретарка на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO). Како што соопштија од Министерстовот, на средбата биле разгледани можностите за унапредување на соработката и поддршката во процесот на одржлив туристички развој.

dobivaj vesti na viber

Министерот Љутков истакна дека Владата стратешки го препозна туризмот како значаен економски сектор, што резултираше со негово вклучување во Министерството за култура, со цел воспоставување системски пристап и поефикасно управување со туристичките политики. Во таа насока, министерот информираше дека се работи на подготовка на нова Стратегија за туризам како клучен документ за понатамошен развој на секторот.

На средбата стана збор за улогата на туризмот во рамномерниот регионален развој, валоризацијата и заштитата на културното наследство, развојот на руралните подрачја и зголемувањето на конкурентноста на туристичката понуда. Посебен акцент беше ставен на потребата од системско евидентирање на туристичките ресурси и воведување индикатори за мерење на туристичкиот потенцијал по региони. Беше нагласено и значењето на полноправното членство на Македонија во UNWTO, како и можноста експерти на Организацијата да се вклучат во процесите на едукација и јакнење на кадрите во туризмот, со цел унапредување на квалитетот и професионалноста во секторот. Средбата беше оценета како значајна основа за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и UNWTO во наредниот период.

Претходно министерот Љутков оствари и работна средба со Фуад Нагхиев, директор на Државната агенција за туризам на Азербејџан. На средбата беше изразена подготвеност за продлабочување на билатералната соработка во туризмот, како продолжение на разговорите започнати на Конференцијата КОП29 во Баку, при што беа разгледани можностите за отворање нов туристички пазар, потпишување Меморандум за разбирање, организирање B2B-средби и промоција на туристичката понуда на Македонија, со акцент на културен, верски, ено-гастро и активен туризам.

Во рамките на посетата, министерот Љутков денеска ќе присуствува на свеченото отворање на Меѓународниот саем за туризам „FITUR 2026“, што ќе се одржи во присуство на шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески во Домот на АРМ

Објавено пред

Од

Во рамки на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост.

dobivaj vesti na viber

Оваа крводарителска акција веќе прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број граѓани, особено млади луѓе кои во ликот и делото на Тоше Проески препознаваат позитивен пример.

Годинава, акцијата ќе се одржи на 25 јануари 2026 година (недела), во холот на Домот на АРМ, во периодот од 09:00 до 17:00 часот. Во организација на акцијата се вклучува Општинската организација на Црвен крст Гази Баба, со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина.

Досега, преку овие крводарителски акции се собрани над 6.000 единици крв, при што особено охрабрувачки е големиот број млади и првократни крводарители кои активно се вклучуваат, инспирирани од пораките што ги пренесуваше Тоше.

„Доброволното крводарителство во Република Северна Македонија има една јасна и благородна цел – да се мотивираат што поголем број граѓани доброволно да даруваат крв, со што ќе се обезбедат неопходните количини крв и крвни продукти за навремено и успешно лекување на болните и повредените. Крводарителството ги негува вредностите на хуманост и солидарност, особено кај младите и придонесува за подигнување на здравствената култура и јавната свест. Крвта, како лек, сè уште е незаменлива и нејзиното обезбедување зависи исклучиво од хуманоста и добрата волја на крводарителите, кои доброволно, анонимно, бесплатно и солидарно даруваат крв. Затоа, мотивирањето и вклучувањето на населението во вакви акции е од исклучително значење за градење позитивен однос кон крводарувањето и за спасување човечки животи“, велат од Црвениот крст на град Скопје и Општинската организација на Црвен крст Гази Баба.

Од таму ги повикуваат сите хумани граѓани да учествуваат во оваа крводарителска акција и заедно, во духот на Тоше Проески, да покажеме дека хуманоста живее.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Лиценцата за „4iG“ не е само бизнис потег, тоа е дел од поширок политички план

Објавено пред

Од

Од СДСМ велат дека со длабока загриженост ги следи најновите случувања во телекомуникацискиот сектор во нашата земја, кои, според партијата, откриваат ланец на влијание што се протега од Будимпешта преку Белград до Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Одлуката на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да додели трета лиценца за мобилен оператор на унгарската компанија „4iG“, не е само бизнис потег, тоа е дел од поширок политички план што ја загрозува независноста на нашата држава и слободата на медиумите. Оваа компанија, која е единствениот понудувач на тендерот и која ќе плати 8 милиони евра за фреквенции, сега има право да изгради и управува со самостојна 5Г мрежа. Компанијата „4iG“ не е обичен играч на пазарот, таа е длабоко поврзана со унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека сопственикот и претседателот на „4iG“, Гелерт Јасаи, е близок сојузник на Орбан, а компанијата станала „национален шампион“ во Унгарија благодарение на масивната државна поддршка, вклучувајќи тајни инвестиции од над 189 милиони евра и олеснувања во регулаторните процедури.

„Орбан лично интервенираше во аквизициите на „4iG“, намалувајќи го влијанието на странските компании и зголемувајќи ја контролата врз информационите мрежи. Овој потег во Северна Македонија само го потврдува Орбановиот план да го прошири своето влијание на Балканот. Ова не е изненадување, имајќи предвид дека Христијан Мицкоски јавно изјави дека Орбан е негов близок пријател. Владата на Мицкоски во 2024 година го најави тендерот за трет оператор, а сега ги гледаме плодовите на таа „пријателска“ соработка. Оваа врска го објаснува и пошироката оска Орбан-Вучиќ-Мицкоски. Тоа е затворен круг што, покрај бизнисите во телекомуникациите и енергетиката, вклучува и контрола врз медиумите“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија1 час

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет2 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет2 часа

(Видео) Поплави и одрони на Нов Зеланд: се трага по исчезнати лица

Службите за итни случаи на Нов Зеланд бараат неколку лица, вклучувајќи и едно дете, кои се водат како исчезнати откако...

Свет3 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион3 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет3 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет4 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија4 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија4 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет14 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија19 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија21 час

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија21 час

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија21 час

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија22 часа

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија23 часа

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ24 часа

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија1 ден

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...