Македонија
Конститутивната седница во сабота
Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи во сабота во 12 часот, а со неа ќе претседава најстариот парламентарец Љубисав Иванов – Ѕинго.
Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи во сабота во 12 часот, а со неа ќе претседава најстариот парламентарец Љубисав Иванов – Ѕинго.Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска повика претставници од СДСМ, ДУИ ВМРО-ДПМНЕ, ДПА И НДП да ги договорат деталите за конститутивната седница. На средбата е договорено седницата да се одржи во сабота на пладне со 4 точки на дневниот ред: избор на верификациона комисија, верификација на мандати, избор на комисија за избори и именувања и избор на претседател на Собранието.
До петок, до крајот на работното време, партиите треба да достават предлози за членови на Комисијата за избори и именувања која треба да достави предлог за избор на претседател на Собранието.
Како што брифираат извори од ДУИ, претседателот на новиот парламент ќе се знае најдоцна до сабота пред почетокот на седницата. /крај/бд/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

