Македонија
Тричлен тим ќе ги контролира полициските станици и затворите
Народниот правобранител Иџет Мемети денеска го промовираше тричлениот тим, кој ќе работи на полето на превенцијата од тортура и друг вид на свирепо, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.
Народниот правобранител Иџет Мемети денеска го промовираше тричлениот тим, кој ќе работи на полето на превенцијата од тортура и друг вид на свирепо, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.
Членови на тимот се: Аница Стојковска, Мерита Алиу и Донче Бошковски.
Тимот е формиран согласно измените на Законот за Народен правобранител. Законот предвидува тим што ќе врши превенција во сите установи и места каде што луѓето се или можат да бидат лишени од слобода.
„Сакам да ја информирам јавноста и да упатам апел до сите установи и институции и сите други места за лишување од слобода дека ќе се вршат најавени и ненајавени посети во време кога ќе оцени тимот за превенција, при што органите согласно Уставот и факултативниот протокол се должни да им го овозможат следното: без претходна најава да го испитуваат постапувањето кон лицата лишени од слобода. Да можат слободна да вршат избор на местата што ќе ги посетат и да имаат пристап до сите документи и информации, како и слободно и без присуство на службени лица да разговараат со лицата лишени од слобода“, образложи Мемети.
Според него, многу е важна отвореноста на институциите, при што Мемети упати апел до сите органи на високо ниво да го прифаќаат тимот за превенција, бидејќи, како што рече неговата работа е за доброто на граѓаните и на општеството.Овој тим е формиран по назначувањето на Омбудсманот како национален превентивен механизам за заштита од тортура во согласност со Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура.
Со денешната промоција воедно е означен и почетокот на работата на овој национален механизам.
На новинарско прашање дали ќе има претставка или пријава за насилно однесување на полицијата врз лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, Народниот правобранител посочи дека по добиените информации од медиумите за неговиот третман во затворот во Шутка отворена е постапка, а по два дена добиле како што информираше била добиена претставка и од неговото семејство.
„Спроведовме одредени дејствија согласно Законот за Народен правобранител и констатиравме забелешки за лекарскиот третман, при што согласно нашето укажување биле преземени дејствија. Ќе продолжиме и понатаму да го следиме овој случај“, рече Мемети.
Истрагата според констатациите, како што рече Народниот правобранител, ќе се насочи и кон МВР во делот на постапката за приведувањето на Бошковски. Оваа процедура е веќе во тек./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

