Македонија
Резултати од работењето на четири скопски општини
Резултати од транспарентно, ефикасно и отчетно работење на четири скопски општини, Гази Баба, Петровец, Чучер-Сандево и Арачиново меѓусебно се разликуваат според нивото на развој, искуство и успех во процесот на децентрализација.
Резултати од транспарентно, ефикасно и отчетно работење на четири скопски општини, Гази Баба, Петровец, Чучер-Сандево и Арачиново меѓусебно се разликуваат според нивото на развој, искуство и успех во процесот на децентрализација. Истражувањето беше спроведено во април годинава со анкетирање на граѓаните, бизнисмените и невладините организации за тоа колку се информирани за работењето на општините, колку се задоволни од отчетноста на општината, од учеството во донесувањето одлуки и дали можат да поднесат приговор за непрофесионално работењето на некои од општините.„Врз основа на резултатите од истражувањата изработуваме за секоја општина препораки каде и што треба да се подобри. Обучуваме дел од луѓето во општината како да ги спроведат тие препораки и нудиме експертиза комплетно за спроведување на препораките. Станува збор за вметнување инструменти и елементи за поголема транспарентност и отчетност“ изјави Герман Филков од центар за граѓански комуникации. Тој додаде дека резултатите се за сите општини, бидејќи се различни одговорите на граѓаните. „Има мешаница од резултати, некои се подобри, а некои послаби. Такашто поединечни резултати немаме. Секаде недостигаат некои пишани правила на редовно секојдневно информирање на граѓаните“ вели Филков. Филков рече дека од сумираните резултатите доминантен дел од граѓаните 93 проценти велат дека општината не ги вклучува при составувањето на буџетот. Дури 41 процент од граѓаните немаат можност да му ги кажат на својот градоначалник своите проблеми, предлози или сугестии итн. „Донесен е правилник за работата на колегиумот на општина Гази Баба и сметаме дека важен предуслов за квалитетно остварување на власта во единиците на локалната самоуправа е токму учеството на граѓаните “ изјави помошник раководител на сектор во Гази Баба Тодор Петров.Тој додаде дека досега општина Гази Баба најмногу средства има обезбедено во патната инфраструктура, доопремувањето на основните училишта, детските градинки.„Сеуште имаме централизирани јавни финансии, тоа е најголема болка на сите единици на локалната самоуправа. Буџетот на општина Гази Баба ги обезбедува основните функции и некои развојни компоненти“ изјави Петров. Проектот на УСАИД за транспарентно владеење опфаќа период од септември 2009 до август 2012 година и досега е спроведен во Источна Македонија и во скопскиот регион. Се очекува на есен да биде спроведен во Западна Македонија. Проектот има за цел со истражување да ги подобри условите на работа за транспарентно, ефикасно и отчетно работење во сите општини во Македонија. /крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

