Македонија
Бугарка ограбила туристи во Св. Наум
Бугарска државјанка нападнала група туристи во Св. Наум во вторникот попладне и од ранецот на една белгиска туристка одзела паричник со 220 евра, повеќе дебитни картички и други лични предмети.
Бугарска државјанка нападнала група туристи во Св. Наум во вторникот попладне и од ранецот на една белгиска туристка одзела паричник со 220 евра, повеќе дебитни картички и други лични предмети.
Откако незабележана го направила тоа, потоа се приближила и до една туриста од Холандија, но обидувајќи се да го отвори патентот од чантата, била забележана и спречена да извржи кражба.
Поради постоење на основано сомнение дека ги сторила кривичните дела – “кражба“ и “кражба во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава 27 годишната Бугарка.
Во разговор со полициските службеници, таа давала лажни податоци за денот на нејзиното влегување во Македонија како и за лицата со кои била во туристичкиот комплекс “Св.Наум“.
Од страна на Истражен судија при Основниот суд Охрид, на бугарската државјанка и е изречена мерка – „протерување од Република Македонија“ во траење од 3 години, по што од страна на полициски службеници е спроведена до Граничниот премин “Деве Баир“./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

