Македонија
Адвокатите од „Пајажина“ побараа изземање на судскиот совет

По едночасовната пауза по кавгата за записниците од судскиот процес „Пајажина“ адвокатите побараа изземање на судијата Павлина Христова и нејзиниот помошник Зоран Димитриевски.
По едночасовната пауза по кавгата за записниците од судскиот процес „Пајажина“ адвокатите побараа изземање на судијата Павлина Христова и нејзиниот помошник Зоран Димитриевски.
Причина се чудните и нејасни записници кои ги добија адвокатите по електронски пат на кои пишува дека судскиот процес на претходното рочиште се одржал и оти обвинетите биле сослушани.
И покрај објаснувањето на судијата Христова дека е техничка грешка односно дека пракса на дактилографката била однапред да ги пишува записниците, сепак адвокатите и Рамковски јавно се посомневаа во работата на судот и побараа нови судии.
По еден час претседателката на судот Лидија Неделкова треба да донесе одлука дали ќе додели нов судија или Христова и понатаму ќе суди./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.