Македонија
Глобална конференција на ОМД во Вашингтон
Во наредните три дена ќе следуваат лобирање во Конгресот на САД, доделување награди за сенаторите, панел-дискусии во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) којашто во главниот град на САД ја одржува својата Глобална конференција.
Во наредните три дена ќе следуваат лобирање во Конгресот на САД, доделување награди за сенаторите, панел-дискусии во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) којашто во главниот град на САД ја одржува својата Глобална конференција.Како што пишува Глас на Америка на македонски, од денес па сé` до сабота, во Вашингтон ќе се одржи третата по ред Глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), со редица настани на кои ќе учествуваат истакнати гости од американската и македонската политичка сцена, бизнисмени, уметници. На конференцијата ќе се дискутира за напредокот на Република Македонија изминативе 20 години, за актуелната ситуација и идните планови. Организаторите ја опишуваат програмата како најдобра досега.Овој значаен настан започна во четвртокот во Конгресот, каде попладнево по американско време, претставници на македонската дијаспора буквално од врата до врата лобираат кај конгресмени и сенатори за натамошна поддршка за аспирациите на Република Македонија за евро-атлантска интеграција, пренесува Глас на Америка на македонскиТрадиционално, во рамки на средбите е предвидено доделување на почесните Меѓународни награди на слободата на ОМД. Еден од тројцата добитници годинава е Џон Мекејн, сенаторот од Аризона и поранешен републикански претседателски кандидат. Тој важи за еден од пријателите на македонската кауза во Конгресот. Примајќи ја наградата, Мекејн за Гласот на Америка на македонски изјави дека е почестен за признанието и се заблагодари за учеството и пожртвуваноста на македонските војници во меѓународната мисија во Авганистан. Мекејн смета дека односите САД-Македонија се добри, со можност натамошно да се продлабочат. Вечерва во македонската амбасада истата награда ќе им биде доделена на сенаторот-демократ Френк Лутенберг од Њу Џерси и независниот сенатор Џозеф Либерман од Конектикат, а утре постхумно и на Лоренс Игелбергер, поранешниот американски државен секретар./крај/воа/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

