Македонија
Зголемен интересот за средни стручни училишта
Резултатите од првиот уписен рок во средните училишта за учебната 2011/2012 објавени на 21.јуни година покажуваат дека има зголемен интерес за стручните средни училишта, изјави министерот за образование и наука Никола Тодоров.
Резултатите од првиот уписен рок во средните училишта за учебната 2011/2012 објавени на 21.јуни година покажуваат дека има зголемен интерес за стручните средни училишта, изјави министерот за образование и наука Никола Тодоров. „Она што може да се забележи во однос на минатата година е зголемениот интерес за средното стручно образование. Особено во делот за економската, правната, трговската, шумарска, дрвопреработувачката струка со четири годишно образование како и за спортската гимназија. Тоа е многу важно, затоа што знаете дека во минатото беше еден феномен кајшто имаше поголем број на интерес во гимназиските струки “ вели Тодоров.Тој додаде дека во учебната 2010/2011 година 8-мо одделение завршиле вкупно 25.152 ученика, а додека во првиот уписен рок вкупно се запишани 14.885 ученика и 11.218 ученици на македонски јазик и 3.434 на албански наставен јазик, 167 ученици за настава на турски и 66 повторувачи. „Учениците или студентите кога се одлучуваат која струка или кој профил ќе го одберат треба да гледаат и кои се тенденциите и движењата на пазарот на трудот. Значи треба да размислуваат какви ќе бидат нивните шанси за вработување“ истакна Тодоров. Според видот на образованието запишани се вкупно 6.424 во гимназиско и 8.000 во средно-стручно и 235 во уметничкото образование.Исто така, годинава за прв пат се воведуваат три нови профили во средните училишта во Република Македонија. „Во средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница во текстилно-кожарска струка се воведува образовниот профил конфекциски и компјутерски оператор. Во средното текстилно училиште „Димитар Мирашчиев“ во Штип се воведува веќе споменатиот образовен профил и во „Здравко Цветковски-ГУЦ“ во Скопје во градежно геодетската струка се воведува техничар-дизајнер за внатрешна архитектура“ изјави Тодоров. Оваа учебна година на 23.јуни беше организирано квалификационо тестирање во „Панче Караѓозов“ во Скопје за учениците кои ќе ја следат наставата на албански јазик. Според министерот за образование и наука за учебната 2011/2012 година се предвидени да се испечатат и дистрибуираат минимум 300 учебници. Вториот јунски уписен рок за запишувањето на ученици ќе се врши на 29 и 30.јуни, а резултатите ќе бидат објавени на 1.јули. Минатата година во средните училишта се запишаа 98,5 % од учениците. Сите оние коишто не се запишаа добиле прекршочни пријави или им биле испратени покани да се запишат. /крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

