Македонија
Конститутивната седница на новото Собрание
Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи денеска во 12 часот, а со неа, според праксата, ќе претседава најстариот пратеник Љубисав Иванов – Ѕинго.
Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи денеска во 12 часот, а со неа, според праксата, ќе претседава најстариот пратеник Љубисав Иванов – Ѕинго.Собранискиот спикер Трајко Вељановски деновиве ги повика претставници од СДСМ, ДУИ ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НДП да ги договорат деталите за конститутивната седница. На средбата беше договорено седницата да се одржи во сабота на пладне со 4 точки на дневниот ред: избор на верификациона комисија, верификација на мандати, избор на комисија за избори и именувања и избор на претседател на Собранието.Партиите пред почетокот на седницата треба да достават предлози за членови на Комисијата за избори и именувања која треба да достави предлог за избор на претседател на Собранието.Како што брифираат извори од ДУИ, претседателот на новиот парламент ќе се знае најдоцна до сабота пред почетокот на седницата.Во новиот парламентарен состав коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 56 пратеници, од кои тројца се од дијаспората, коалицијата на СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА осум и НД два.Според најавите, во новиот парламентарен состав ќе се формираат шест пратенички групи, бидејќи беше најавено дека од СДСМ ќе се издвојат две, предводени од Тито Петковски и Фијат Цановски /крај/бд/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

