Македонија
Брет: Случајот на загинатото момче да биде настрана од политички дискусии
Случајот со загинувањето на момчето, кој е многу трагичен и посебен настан, треба да се држи настрана од политички дискусии, вели амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет во интервјуто за Радио Слободна Европа.
На прашањето како гледа на првичната реакција на властите за убиството на Мартин Нешковски , Брет меѓу другото вели „дека од она што го виделе од првичните реакции, можеби информациите доаѓале капка по капка и дека впечатокот е дека справувањето можеше да биде малку подобро од аспект на транспарентност“.Во врска со протестите поради убиството и тоа како би требало да реагираат институциите, амбасадорот вели дека е важно да се овозможи одвивање на демонстрациите за луѓето слободно да ја изразат својата воља и да имаат можност да покажат како се чувствуваат.Прашан иако изборите се оценети како фер и демократски, како инцидентот со Нешковски ќе се одрази врз имиџот на Македонија пред странските набљудувачи , Брет рече „Настаните кои ги споменавте не се директно поврзани со изборите. Значи изборите имаат вредност како такви. Јасно дека тоа е придобивка за земјата. Јасно е дека ќе има позитивно влијание. Но сепак и другиот настан ќе има свое влијание. Тоа е како мозаик. Има многу делови, некои се бели, други пак се повеќе сиви. Целата слика е всушност проценката на меѓународната заедница и на сите меѓународни набљудувачи“.„Прашање е за владата и луѓето кои носат одлуки, дали ова е приоритет за нив, каква била евалуацијата и дали се вклопува во естетиката на градот, дали е во согласност со планирањето на градот за во иднина? Што се однесува до политичкиот импакт кој го споменавте, секако ОБСЕ не може да суди, но ако донесете одлука, било политичка или одлука за планирање, како во случајов, мора да имате предвид што ќе се случи, како некој друг ќе реагира и што ќе помисли. Како политичар секогаш мора да ја гледате целата слика“, вели Брет за подигнатиот споменик „Воин на коњ“ , и реакацијата на Грција за истиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

