Македонија
ОМД: Младите Македонци во светот да помогнат во афирмацијата на земјата
Ако сакаат личен напредок, но и да и` помогнат на татковината, младите Македонци мора да се вклучат во политичкиот живот во земјите каде живеат и да ги искористат контактите за поголемо афирмирање на Македонија
Ова е заклучокот на дебатата „Генерација М – иднината на младите Македонци“ во рамки на Глобалната конференција на Обединетата македонска дијаспора, јавува Гласот на Америка на македонски јазик.Млади Македонци од Австралија, Нов Зеланд, САД и Канада во хотелот Мериот во Вашингтон расправаа какво влијание врз Македонија ќе остави Генерацијата М, како што популарно се нарекуваат најновите поколенија кои доаѓаат на сцена во сите сфери на животот. „Идејата е најмладата генерација иселеници да се образува и насочи кон вистински цели, затоа што на Македонија и` е потребна помош од сите делови на светот каде живеат Македонци“, вели Ананија Анасиевски од Мелбурн. Овој студент по медицина за првпат престојува во САД, а во Вашингтон пристигнал специјално за конференцијата на ОМД. „Генерацијата М е помладата генерација – да бидеме обединети и силни ширум светот“, вели Анасиевски.Александар Карапанчев студира политички науки во Торонто и живее во Канада. И за него, вклучувањето на младите во работата на ОМД претставува предизвик.„Младите ќе ја водат заедницата во иднината. Ако не почнат да се инволвираат и интересираат за работењето на заедницата од најмлади години и да лобираат за македонските интереси, ќе нема кој да го прави тоа после нас“, резонира Карапанчев. Димитар Попов, роден во Велес веќе девет години живее во САД, а работи како бизнис-консултант во Чикаго. И тој е еден од генерацијата М. Најавува: „Младите Македонци се следната генерација што ќе бидат лидери, амбасадори…“.Овие тројца Македонци од три држави и два континента велат дека иднината е тоа што ќе самиот го создадеш. За разлика од нивните родители, следната генерација млади Македонци го имаат загубено допирот со сопствената култура и не го зборуваат македонскиот јазик, а тоа е основата на поврзување со татковината. Тоа мора да се промени, велат од Генерацијата М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Гостивар
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути се случи земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2
Земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
СДС сервилна знае само за патлиџан дипломатија и предавнички политики, руските играчи се во СДС и оние кои му дадоа државјанство на Онишченко, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС.
Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси.
СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема држава, настан или организација каде не ја понижија Македонија со сервилната и погубната дипломатија која ја водеа.
Руските играчи на македонската политичка сцена се СДС Заев и Филипче. Доказ за тоа е скандалот со доделување државјанство на рускиот државјанин Онишченко осуден за корупција и перење пари во Украина.
Надворешната политика што ја водеше СДС беше обележана со сервилност и отстапки на штета на државните и националните интереси“. Наместо, како што додаваат од владејаќката партија, цврста и достоинствена дипломатија, граѓаните беа сведоци на политики предавнички и недоволна заштита на националните позиции и интереси.
Државата, според нив, заслужува стратегија што ќе се темели на јасно дефинирани национални интереси, самопочит и партнерства изградени врз взаемна почит, а не на политика на постојани отстапки. Според ВМРО-ДПМНЕ, само преку конзистентна, достоинствена и принципиелна дипломатија може да се заштитат долгорочните интереси на Македонија и нејзините граѓани.
Македонија
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 57 сесија на Клубот на истражувачите
На 27 март 2026 година (петок), со почеток во 13 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите.
„Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 март 2025 година (среда).
Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија“.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

